Македонија
СЈО побара изземање на судијата на претходна постапка кој постапува во случајот „Трезор“
Специјалното јавно обвинителство побара изземање на судијата на претходна постапка кој постапува по нивниот предлог за определување на мерките за претпазливост за тројца осомничени во случајот „Трезор“, соопштуваат од Основниот суд Скопје 1.
Причините за барањето за изземање на судијата од Судот не ги наведуваат, но пишуваат дека биле наведени во записник дадени пред судијата на претходна постапка.„Претседателот на Основен суд Скопје 1 – Скопје во рок од три дена треба да одлучи по барањето за изземање на судијата, што е трето по ред барање за изземање на судии од страна на СЈО, што претставува преседан во постапување на јавно обвинителство бидејќи во досегашното работење на судот не било поднесено ниту едно вакво барање од страна на останатите обвинителства. Со ова СЈО дополнително влијае на одолговлекување на постапките кои тие самите ги покренуваат до овој суд“, се вели во соопштението на Судот.
Судијата на претходна постапка кој постапува по барањето на СЈО за определување на притвор на еден од осомничените сѐ уште нема донесено одлука за мерката којашто е предложена.Во случајот „Трезор“ осомничени се тројца вработени во Управата за безбедност и контраразузнавање и еден вработен во МВР./крај/мф
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило делницата од автопат А1 Велес – Градско е затворена
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, во 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско е затворена и возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градсско – Дреново до локализирање и ликвидирање на пожарот, извести АМСМ.
Сообраќајот на магистралниот пат Прилеп – Градско се одвива наизменично.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја делови од Петровец, Чаир и Гази Баба
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од селата Градманци, Летевци, Катланово и Брезница, општина Петровец;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата Ордан Чопела, улицата Петре Георгиев и улицата Челопек, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Вера Вучковска Жезељ во населба Хиподром, општина Гази Баба.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека исто така денеска поради уличен дефект на улицата Девол бр. 15, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улицата Девол, општина Карпош.

