Македонија
СЈО побарало замрзнување на имотот на битолскиот градоначалник

Специјалното јавно обвинителство побарало замрзнување на имотот на битолскиот градоначалник, Владимир Талевски и на други лица во случајот Транспортер, објави Алсат М, повикувајќи се на информација од Кривичниот суд, каде предметот е распределен кај судија во претходна постапка.
Од СЈО за Алсат М изјавиле дека против шест лица е поднесен предлог за обезбедување на имот. Меѓу нив и осомничени во случајот, но и лица кои беа помилувани од кривичен прогон и дека вкупната вредност за која е утврдено дека е настаната штета е 22 милиони 24 илјади и 891 денар.За овој случај две лица се во домашен притвор, а на уште девет други им е ограничено движењето со одземање на пасошот или, пак, не смеат да ја напуштат општината во која живеат. Во случајот Транспортер за злоупотреба осомничени се 22 лица, кои за своја корист, а на штета на буџетот правеле малверзации со парите за транспорт на учениците во Битола./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја утре дел од општината Студеничани

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека утре без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 15.00 часот, објектите лоцирани на депонијата Дрисла, како и корисниците лоцирани од влезот на село Батинци кон депонијата Дрисла, општина Студеничани.
Македонија
„Имаме најскапи патарини во регионот, а ужасни патишта: пратениците да гласаат за нашиот предлог за 50 % поевтини патарини“, бара партијата Левица

„На 19 март, во Собранието ќе се гласа за предлог-законот на пратеничката група на Левица, кој предвидува намалување на патарините за 50% и нивно законско регулирање, со што Владата повеќе нема да може произволно да ги зголемува цените и бројот на патарините“, велат од партијата Левица.
„Македонија има највисоки цени за патарини во регионот, а квалитетот на патиштата останува на незавидно ниво. Наместо модерна и безбедна патна инфраструктура, граѓаните секојдневно се соочуваат со неодржувани и неосветлени патишта полни со кратери, несоодветна сигнализација и небезбедни услови за возење. Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) на годишно ниво генерира огромни приходи кои треба да се користат за подобрување на инфраструктурата, но реалноста покажува дека тие средства не се трошат соодветно, па имаме опасни патишта кои убиваат.
Особено во време на висока инфлација и драстично намален животен стандард, дополнителниот товар од високите патарини претставува неправеден финансиски притисок врз граѓаните. Овој предлог-закон е разумно решение кое ги штити интересите на народот и овозможува транспарентност во начинот на определување на цените за користење на јавните патишта.
Инаку, ваков предлог-закон Левица предложи и во минатиот мандат, во 2022 година. Тогаш пратениците од ДПМНЕ го поддржаа предлогот, а владејачкото мнозинство составено од СДСМ и ДУИ го одбија.
Ги повикуваме пратениците во среда, 19 март, да покажат демократска одговорност и да го поддржат ова законско решение. Пратениците од ДПМНЕ мораат да се вразумат и да престанат со нивната заслепеност од ароганција. Предлогот е поднесен од пратеничката група на Левица која зад себе има легитимитет од околу 70.000 граѓани, а барањето за поевтини патарини и крај на ваквиот грабеж е оправдано барање на народот“, соопштуваат од партијата Левица.
Македонија
СДСМ: Милиони во омилени фирми на власта, до кога ќе молчи Јавното обвинителство за тендерските шеми на ДПМНЕ?

СДСМ јавно прашува: До кога Јавното обвинителство ќе молчи за тендерските шеми и скандали на ДПМНЕ?
„Случаите со милионските зделки на општините и институциите под нивна контрола, како и договорите склучени само со едни исти омилени форми, кои најчесто ги добиваат тендерите и се јавуваат како единствени понудувачи е основен сомнеж за корупција. СДСМ објави документи и факти дека една фирма, преку неколку општини и институции во последните 3 години има добиено тендери вредни над 4,5 милиони евра“, велат од партијата и додаваат:
„Претходно објавивме документи и факти за друга фирма омилена на власта, која во четири години добила 50 тина тендери вредни 10 милиони евра, речиси сите од општини под контрола на ДПМНЕ. Како е можно едни исти фирми да бидат победнци на толку многу тендери во општини и институции кои ги води ДПМНЕ?“
СДСМ бара итна реакција од надлежните органи.
„ЈО мора да постапи, а јавноста заслужува одговори – кој профитира од овие сомнителни тендери?“, завршуваат од СДСМ.