Контакт

Скопје

(Видео) Повторно гори кај „Њу Стар“, пожарот се шири кон куќите во Визбегово

Објавено пред

Пожарот што избувна на 28 јуни во близина на скопската населба Шуто Оризари – Визбегово и хотелот „Њу Стар“, денеска повторно се активираше, предизвикувајќи сериозна загриженост кај локалното население и институциите. Огнот, кој потекнува од дивата депонија, бргу се прошири и се доближи до првите куќи во населбата.

dobivaj vesti na viber

Според информациите од терен, запалена е сува трева и деградирана ниска вегетација на неколку локации околу хотелот. Густ чад се издигнува над Визбегово, а противпожарните екипи се обидуваат да ја задржат огнената линија далеку од објектите и домовите.

„На терен се распоредени противпожарни тимови од Град Скопје со три возила и неколку пожарникари. Дополнително побаравме поддршка со нови сили за да се спречи натамошното ширење на огнената стихија“, информираат од Противпожарната бригада на Скопје.

Пожарот, кој веќе двапати беше гасен од екипите, повторно се појави, што ги натера надлежните да посомневаат во можно намерно предизвикување. Центарот за управување со кризи (ЦУК) испрати итен допис до Град Скопје и до Општина Шуто Оризари, со барање за итна и координирана акција.

„Постои сериозна опасност од натамошно ширење на пожарот. Не исклучуваме можност дека огнот е намерно подметнат. Затоа бараме итно ангажирање на обезбедување што ќе ја надгледува локацијата и ќе реагира при секој обид за ново палење“, велат од ЦУК.

Покрај тоа, од ЦУК предлагаат депонијата да се покрие со инертен материјал, шут или земја, за да се ограничи ширењето на пожарите и да се намали ризикот од нови пламени јазици. Побарано е и засилено присуство на инспекциски служби кои ќе спречуваат незаконско фрлање отпад на оваа локација.

„Неопходно е институциите веднаш да преземат мерки за заштита на здравјето на населението и на животната средина“, се наведува во итниот допис на ЦУК.

Состојбата и натаму останува ризична, а граѓаните од овој дел на Скопје апелираат за побрза и поефикасна интервенција со цел да се заштитат нивните домови и животната средина.

Македонија

Минатата недела санкционирани 138 непрописно паркирани возила на територијата на општина Центар

Објавено пред

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 23.06. до 29.06.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 138 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, велат од ПОЦ.

dobivaj vesti na viber

„За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ и СВР Скопје во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот“, соопшти ПОЦ.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Фото) Нови линии за улично осветление на повеќе локации во општина Илинден

Објавено пред

Општина Илинден продолжува со реализација на проектот „Илинден-Светла Општина”, кој опфаќа проширување и модернизација на уличното осветлување, со поставување нови линии на улиците во сите населени места, поставување на електрични столбови, зголемување на бројот на електрични светилки и тековно одржување на јавното осветлување, известува Општината.

dobivaj vesti na viber

Во рамките на овој проект поставени се нови линии на улично осветлување во повеќе населени места на територија на општина Илинден со вкупна должина од околу 2120 метри. Поставена е нова линија во населено место Илинден во вкупна должина од 180 метри и тоа на улиците „7“, „9“, „12“, и „30“, во Марино во должина од 150 метри на крак од улица „500“, во Кадино во должина од 200 метри на улица „7“, во населба Јака на дел од улица „6“ и „18“ во должина од 200 метри. Во населено место Ајватовци на краци на улица„1“ во должина од 220 метри, во Миладиновци на улица „2“ во должина од 130 метри, во Дељадровци на краци од улица „2“ во должина од 410 метри, во Бучинци со вкупна должина од 630 метри на улица „4“, детското игралиште и пешачката патека на Бучинско езеро, соопшти Општината.

„Екипите на ЈКП „Илинден“ покрај активностите за поставување на нови линии за улично осветлување, вршат и докомплетирање на постојните линии и се вршат интервенции за отстранување на оштетените сијалични места пришто се вградуваат нови.

Општина Илинден и ЈКП „Илинден” и во наредниот период ќе продолжат со поставувањето на нови линии во сите населени места, со цел посветла Општина Илинден“, се додава во соопштението.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Фото) Герасимовски: Центарци со позитивни реакции за реновирањето на култната сала „Работнички“

Објавено пред

Во рамки на караванот „Се гледаме во маало“, вчера градоначалникот Горан Герасимовски заедно со својот тим од општина Центар беше во Градскиот парк, кадешто разговараше со граѓаните за проектите кои досега беа имплементирани, но и за предизвиците со кои се соочуваат како би се помогнало во подобрување на квалитетот на живот во оваа општина.

dobivaj vesti na viber

Граѓаните изразија позитивни реакции за досегашното работење на општината, за отворањето на новата градинка во населбата Пролет, за поставувањето на СМАРТ осветлување, како и за реконструкцијата на култната сала „Работнички“. Жителите, укажаа на еден од клучните проблеми, а тоа е паркирањето, особено во реонот на Дебар Маало, каде што жителите сè почесто се соочуваат со недостиг од паркинг простор поради возила кои доаѓаат од други делови на градот, соопштува општина Центар.

Герасимовски истакна дека Општината веќе работи на пилот-проект за ограничување на движењето на возила во внатрешноста на Дебар Маало за време на викендите.

Маалските средби продолжуваат и денеска во 18.30 часот, на Водно (Кошот на Тинекс).

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

Мицкоски-Кос: нагласена определбата на Владата за интеграција во ЕУ, достоинствено и преку спроведување на суштински реформи

Премиерот Христијан Мицкоски, денес во Скопје оствари средба со еврокомесарката за проширување и добрососедска политика, Марта Кос, која престојува во...

Македонија11 часа

Достапни се лековите за третман на онколошки заболувања, сите пациенти ја добиваат потребната терапија, вели директорот

Од Клиниката за радиотерапија и онкологија информираат дека сите пациенти ја добиваат потребната терапија и дека се достапни лековите за...

Македонија12 часа

Нема повредени лица во запалениот глисер во Охридското Езеро

Денеска во 10,30 часот, во полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“, пријавено е дека на пловен објект глисер кој...

Македонија14 часа

(Видео) Филипче: Македонија заложник на туѓи агенди – ЕУ алармира на влијание од Србија, Унгарија, Русија и Кина

СДСМ од првиот ден предупредуваше дека Владата на ВМРО ДПМНЕ ја става државата во заложништво на други држави – наместо...

Македонија15 часа

Директор и вработени во Општината и во Министерството пустошеле во Националниот парк Маврово, заработиле над 3 милиони денари

Полицијата поднесе кривична пријава за вработен во Општина Маврово Ростуше, директор во ЈУ Национален парк Маврово, раководител на одделение за одржливо...

Македонија16 часа

Пожар на глисер во Охрид

Утрово се запали глисер во Студенчишкиот Канал во Охрид. Според првичните информации, пламенот се појавил кога сопственикот го стартувал моторот,...

Македонија16 часа

Муртезани: 150 институции и над 800 експерти ќе учествуваат во подготовката на преговарачките позиции со ЕУ

Пред една година започнавме со јасна цел: да ѝ дадеме нов импулс на европската агенда на земјава. Денес, по 12...

Македонија16 часа

Опасен пожар во близина на границата со Грција: се слуша пукање од муниција, постои опасност од неоткопани гранати

Пожар се шири во близина на границата со Грција. Од Центарот за управување со кризи велат дека пожарот се развива на...

Македонија18 часа

Латас го спомена таткото на Костадин Костадинов, па доби закана: „Цела фамилија те чекаме, со наш суд“

Навреди и закани помеѓу Драган Павловиќ-Латас и струмичкиот градоначалник од СДСМ, Костдин Костадинов, откога новинарот во јавно излагање на поткаст...

Македонија19 часа

Десетгодишно девојче од Македонија се удави во Италија

Десетгодишно девојче од Македонија се удави во реката Пјаве, во близина на Тревизо. Како што јавуваат италијанскитее медиуми, девојчето се...

Регион20 часа

Полицијата во Белград ги отстрани блокадите: оштетено полициско возило, повеќе уапсени

Српското Министерство за внатрешни работи објави дека полицијата ги отстранила сите блокади на патиштата во Белград во текот на ноќта....

Свет20 часа

(Видео) Маж намерно запалил пожар во Ајдахо, па убил двајца пожарникари: пронајден мртов

Двајца пожарникари беа застрелани и убиени додека се бореа со шумски пожар во северниот дел на Ајдахо, соопшти канцеларијата на...

Европа21 час

Кремљ: Брзината на преговорите за завршување на војната во Украина зависи од ставот на Киев

„Брзината на преговорите за завршување на војната во Украина зависи од позицијата на Киев, ефикасноста на американското посредништво и ситуацијата...

Македонија22 часа

Зголемена фреквенција на возила на граничните премини Табановце и Богородица

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од...

Свет22 часа

Трамп: Иранците не знаеја дека доаѓаме

Американскиот претседател Доналд Трамп не верува дека Иран бил во можност да обезбеди или премести дел од својот збогатен ураниум...

Македонија1 ден

Мицкоски ја доби тужбата против Славјанка Петровска за клевета

Граѓанскиот суд во Скопје донел правосилна пресуда во корист на премиерот Христијан Мицкоски, утврдувајќи дека пратеничката од СДСМ и поранешна...

Регион1 ден

Приведени 77 лица по протестите, 48 полицајци повредени, Вучиќ вети дека нема помилување за насилство

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска порача дека нема да потпише никакво помилување или аболиција за оние кои учествувале во...

Македонија1 ден

Димитриевски по реизборот: Ќе градиме нови лидери за нова Македонија

На вториот Конгрес на партијата Движење ЗНАМ за наша Македонија, Максим Димитриевски денеска едногласно повторно ја доби довербата од делегатите...

Македонија2 дена

Јаневска: Учебници на 1 септември, повисоки плати, 7 нови училишта и обнова на студентските домови

Во првата година од мандатот на министерката за образование и наука, Весна Јаневска, се испорачани значајни резултати – учебници на...

Топ2 дена

Избоден 15-годишник на Бит Пазар, 13-годишниот напаѓач е негов роднина

15-годишно момче било повредено со остар предмет синоќа во регионот на Бит Пазар, а според пријавата, нападот го извршил негов...