Скопје
Герасимовски: Исчистен делот околу пазарот „Буњаковец“, хигиеничарите работат во две смени откога Град Скопје потфрли
Општина Центар информира дека општинските служби интензивно работат на подигнувње на хигиената на повисоко ниво. Денеска, се исчистија јавните површини околу пазарот Буњаковец. Градоначалникот Горан Герасимовски потенцира дека хигиеничарите од Општината и од јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ секој ден работат на терен, во две смени за обезбедување почисто централно градско подрачје.
„Денеска, ги исчистивме јавните површини околу пазарчето Буњаковец. Тука, гравитираат голем број граѓани кога пазаруваат, неопходно е овој дел да биде чист и уреден. Утринава, нашите хигиеничари го отстранија и сметот од улиците кадешто надлежност има Град Скопје. Повторно, се соочивме со истата грда слика од минатиот викенд, сакам да прашам кога Град Скопје ќе се фати за работа? Навистина, ова веќе не е дозволиво. Минатата недела исчистивме повеќе населби во општината, со акцијата продолжуваме и следните денови. Центар не чека, Центар чисти, истакнува Герасимовски.
„Големата акција за чистење на улиците во Центар започна минатата недела, откако Град Скопје потфрли. Граѓаните можат да пријават смет и диви депонии на следните телефонски броеви: 076/350-767 и 02/3203-693“, дополнуваат од Општина Центар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Делови од неколку скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 04:00 до 08:00 часот, корисниците од населбите: Бутел и Север, општина Бутел, Топанско Поле и дел од Чаир, општина Чаир и Шуто Оризари и Визбегово, општина Шуто Оризари;
· од 07:30 до 15:30 часот, корисниците на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, броеви од 49 до 53, како и објектите во околината на Поликлиника – Идадија, општина Центар;
· од 08:00 до 16:00 часот, корисниците од улицата Тодор Чангов, подулици бр. 10, 15 и 18, општина Аеродром;
· од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од дел од улицата Финска, општина Гази Баба;
· од 11:00 до 14:00 часот, корисниците од улицата Крагујевачка бр. 9, општина Карпош;
Македонија
Претседателот на Албанија во тридневна посета на Македонија, посебен режим на сообраќајот во Скопје
В четврток, петок и сабота, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува Бајрам Бегај, претседател на Република Албанија.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на градот Скопје.
СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и упатствата што ќе ги даваат униформираните полициски службеници, со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.

