Скопје
Герасимовски: Проектот „Нега на стари лица во домашни услови“ има простор за уште 21 корисник
По повод Меѓународниот ден на старите лица градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски ја посети Донка Подунавац пензионерка од населбата Пролет и корисничка на проектот „Нега на стари лица во домашни услови“. Герасимовски и го врачи новото решение и поразговара со неа околу проектот и во кој дел истиот би можел да се надгради.
„Искрено сум многу среќен што слушам од ваша страна многу позитивни коментари за проектот и вклучените во него. Ова ни е дополнителен мотив да бараме начин да го подобриме и надградиме истиот со цел да опфатиме и поголем број на домаќинства на кои им е потребна помош. Морам да напоменам дека досега немаме ниедна поплака што причинува особено задоволство пред се затоа што излегуваме во пресрет на наши баби и дедовци кои се нераскинлив дека од нашите животи. Сакам да напоменам дека проектот има простор за уште 21 корисник и ги повикувам жителите со полни 62 години кои имаат потреба да аплицираат од 1 до 15 во месецот. Верувајте дека станува збор за проект кој е незаменлив за нашите повозрасни сограѓани“, потенцира Герасимовски.
Герасимовски информираше дека проектот вклучува 90 корисници жители на општината, а во моментов се пријавени 69 лица кои бесплатно во своите домови ги користат услугите од негувател или физиотерапевт и социјален работник. Притоа Герасимовски истакна дека заинтересираните жители кои сакаат да станат корисници на проектот не мора лично да доаѓаат во општината за да ги достават документите туку може општинска екипа да ги посети во домовите, да ги земе документите и пријави во име на жителите.
Инаку корисници на проектот може да бидат жители на Општина Центар кои се корисници на пензија или на социјална помош и кои немаат повисоки примања од 35 000 денари месечно. Притоа корисник на ова право може да биде само еден член на семејството освен ако се приложи извештај специјална медицинска состојба за која е потребно вклучување на посебна нега и третман за второ лице. Општина Центар напоменува дека корисник на овој проект не може да биде лице кое користи нега во домашни услови од друг субјект давател на иста услуга како Црвен Крст на Република Северна Македонија или друг субјект.
Заинтересираните граѓани подетални информации за проектот може да прочитаат на веб страната на општината https://www.centar.gov.mk/?p=22449.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
10.000 денари субвенција за млади возачи за првпат во Ѓорче Петров
Општина Ѓорче Петров воведува субвенција од 10.000 денари за дел од трошоците за полагање возачки испит – Б категорија, наменета за млади лица на возраст од 18 до 25 години.
Станува збор за мерка што за првпат се реализира во општината и обезбедува директна финансиска поддршка во период кога трошоците за обука и полагање претставуваат значаен товар за семејниот буџет, со цел да се олесни пристапот до мобилност, да се поттикне самостојноста кај младите и да се создадат подобри можности за вработување, велат од Општината.
Градоначалникот Александар Стојкоски истакна дека општина Ѓорче Петров продолжува со мерки што носат практична и видлива поддршка за младите, со фокус на нивниот развој, нови можности и нивно задржување во локалната заедница.
Тој нагласи дека, покрај оваа мерка, Општина Ѓорче Петров има најавено и концепт за нова станбена населба наменета за млади, во рамки на која се предвидуваат мерки за олеснување на трошоците преку субвенционирање на дел од комуналните давачки. Целта е младите лица и младите семејства да добијат реална поддршка да ја градат својата иднина токму во Ѓорче Петров.
„Со вакви конкретни чекори, Општина Ѓорче Петров продолжува да развива политики што имаат директен ефект врз секојдневието на младите и создаваат услови за нивна поголема сигурност и стабилност.
Деталите околу условите и начинот на аплицирање ќе бидат дополнително објавени“, додаваат од Општината.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.

