Контакт

Скопје

Герасимовски: Проектот „Нега на стари лица во домашни услови“ има простор за уште 21 корисник

Објавено пред

По повод Меѓународниот ден на старите лица градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски ја посети Донка Подунавац пензионерка од населбата Пролет и корисничка на проектот „Нега на стари лица во домашни услови“. Герасимовски и го врачи новото решение и поразговара со неа околу проектот и во кој дел истиот би можел да се надгради.

dobivaj vesti na viber

 Искрено сум многу среќен што слушам од ваша страна многу позитивни коментари за проектот и вклучените во него. Ова ни е дополнителен мотив да бараме начин да го подобриме и надградиме истиот со цел да опфатиме и поголем број на домаќинства на кои им е потребна помош. Морам да напоменам дека досега немаме ниедна поплака што причинува особено задоволство пред се затоа што излегуваме во пресрет на наши баби и дедовци кои се нераскинлив дека од нашите животи. Сакам да напоменам дека проектот има простор за уште 21 корисник и ги повикувам жителите со полни 62 години кои имаат потреба да аплицираат од 1 до 15 во месецот. Верувајте дека станува збор за проект кој е незаменлив за нашите повозрасни сограѓани“, потенцира Герасимовски.

 Герасимовски информираше дека проектот вклучува 90 корисници жители на општината, а во моментов се пријавени 69 лица кои бесплатно во своите домови ги користат услугите од негувател или физиотерапевт и социјален работник. Притоа Герасимовски истакна дека заинтересираните жители кои сакаат да станат корисници на проектот не мора лично да доаѓаат во општината за да ги достават документите туку може општинска екипа да ги посети во домовите, да ги земе документите и пријави во име на жителите.

 Инаку корисници на проектот може да бидат жители на Општина Центар кои се корисници на пензија или на социјална помош и кои немаат повисоки примања од 35 000 денари месечно. Притоа корисник на ова право може да биде само еден член на семејството освен ако се приложи извештај специјална медицинска состојба за која е потребно вклучување на посебна нега и третман за второ лице. Општина Центар напоменува дека корисник на овој проект не може да биде лице кое користи нега во домашни услови од друг субјект давател на иста услуга како Црвен Крст на Република Северна Македонија или друг субјект.

Заинтересираните граѓани подетални информации за проектот може да прочитаат на веб страната на општината https://www.centar.gov.mk/?p=22449.

Македонија

Дел од Шуто Оризари денеска без струја

Објавено пред

Од ЕВН – Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:

dobivaj vesti na viber

· во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од Шуто Оризари место викано Пирков Рид. (општина Шуто Оризари)

Прикажи повеќе...

Македонија

Улиците во Карпош вечерва во тотален мрак

Објавено пред

Општина Карпош во моментов е без улично осветлување поради пад на системот.

dobivaj vesti na viber

Од Општината информираа дека во моментот се работи на отстранување на проблемот и повторно подигнување на системот.

Се очекува осветлувањето да биде нормализирано во најбрзо време.

Прикажи повеќе...

Македонија

Општина Аеродром доделува 3.500 денари за првачињата

Објавено пред

Општина Аеродром и оваа година ќе доделува еднократна парична помош за семејствата чие дете е прваче во едно од основните училишта на територијата на општината во висина од 3.500 денари. Рокот за пријавување е од денеска, 2 јули до 30 септември 2025 година.

dobivaj vesti na viber

Потребно е до архивата на Општината да се поднесат потврда за запишан ученик во прво одделение во учебната 2025/2026 година заверена од основно училиште од територијата на Општина Аеродром или основно училиште со ресурсен центар, фотокопија од извод од матичната книга на родените за првачето, како и на увид лична карта или патна исправа на барателот.

Образецот и изјавата за согласност за обработка на лични податоци што треба да се пополнат можат да се најдат на следниот линк:
http://aerodrom.gov.mk/dokumenti/formulari

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

(Видео) Платата на пилотите во ДЗС покачена за 100 отсто како дополнителен мотив, кажа Ангелов

Платата на десетте вработени во Одделението за специјализирани воздухоплови во ДЗС им е покачена за 100% и им е даден...

Македонија3 часа

(Видео) Јакимовски: Унапредувањето на судијката Димовска е награда за мојата затворска казна

Начинот на кој е избрана судијката Даниела Димовска за вд претседател на Основниот кривичен суд Скопје ми дава за право...

Македонија4 часа

Можно е Костадинов да се кандидира за градоначалник на Струмица како независен кандидат

Актуелниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, ја отвори можноста да се кандидира како независен кандидат за нов мандат, oткако СДСМ...

Македонија7 часа

Ковачев: За темите за идентитетот и за јазикот нема место во извештајот, се отвора Пандорината кутија

Трите најголеми политички групи во Европскиот парламент го поддржаа предлогот да се отстранат термините „македонски идентитет“ и „македонски јазик“ од...

Македонија8 часа

Бришењето на македонскиот јазик и на идентитетот од извештајот е еднакво лошо за нас како да стоеше модерен, вели Мицкоски

По објавите на бугарските медиуми дека трите најголеми политички сили во Европскиот парламент (ЕП) се согласиле од извештајот за напредокот...

Топ9 часа

Вршеле обљуба врз малолетнички и снимале со мобилен: уапсени 18-годишник и малолетник од Тетово

Вчера во 15.30 и во 22.55 часот полициски службеници од СВР Тетово и ПО Камењане во с.Горно Седларце и во...

Топ10 часа

Затаила над 50 милиони денари, ниту пријавувала ниту плаќала данок: кривична за сопственичка од Кавадарци

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе кривична пријава против С.Т во својство на сопственик, управител и...

Регион13 часа

(Фото) Масовна евакуација на туристи поради пожар на Крит

Голем пожар во Грција продолжува да беснее во источниот дел од островот Крит, откако избувна вчера попладне во тешко пристапна...

Европа13 часа

Украински функционер: Европа прави сè што може, но ќе биде тешко без американско оружје

Украина ги повика САД да продолжат со „континуираната“ воена помош, по изненадувачката најава дека некои испораки на оружје за Киев...

Европа14 часа

(Видео) Украинците уништија руско складиште за муниција, се шири снимка од огромна експлозија

Украина очигледно извршила напад врз руско складиште за муниција во градот Карцизк во окупираниот дел од Донецката област на 2...

Свет14 часа

(Видео) Траект потона во близина на Бали: четворица мртви, десетици исчезнати

Четири лица загинаа, 38 се водат како исчезнати, а 23 се спасени откако ферибот со 65 лица потона во близина...

Свет14 часа

Пентагон: Нуклеарната програма на Иран е забавена за две години

Пентагон објави дека американските напади ја уназадија нуклеарната програма на Иран за до две години, откако уништија три целни локации....

Свет14 часа

Во Лос Анџелес луѓето мора да живеат во токсични куќи по пожарот: „Осигурителните компании нè измамија“

Луис Казарес беше меѓу ретките чиј дом остана недопрен по разорните пожари што ја опустошија населбата Алтадена, североисточно од центарот...

Свет15 часа

ЦИА не оспорува дека Путин се обидел да му помогне на Трамп на изборите во 2016 година

Ревизијата на ЦИА откри недостатоци во подготовката на проценката на американското разузнавање дека рускиот претседател Владимир Путин се обидел да...

Македонија23 часа

Костадинов го замрзнува членството во СДСМ, најави ново политичко делување

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, соопшти дека го замрзнува членството во СДСМ, незадоволен од сегашното раководство и од насоката во...

Македонија23 часа

СДСМ објави 11 нови кандидати за градоначалници

Претседателот на Социјалдемократскот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата која...

Македонија1 ден

„Пулс“ ќе се суди во Основниот кривичен суд Скопје, предметот е доставен

Основниот суд во Кочани денеска го достави предметот за пожарот во „Пулс“ во Основниот кривичен суд Скопје, согласно одлуката на...

Македонија1 ден

Арсовска до Тошковски: До сега полицијата не постапуваше по заканите, сега се заканува, што е следно

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, вели дека полицискиот службеник Синан Алили ѝ упатил закани на социјалните мрежи. Во објава на...

Македонија1 ден

„Вреди“ бара истрага за намерна манипулација со бројот на Aлбанците на пописот

Од „Вреди“, известуваат дека ќе поднесат кривична пријава до Основното јавно обвинителство – Скопје против поранешното раководство на Државниот завод...

Топ1 ден

Мотоцилистот удрил во пешакот и избегал, МВР со детали за трагичната несреќа на кејот

Мотоцикл „кавасаки“ го прегазил пешакот кој загина вчера на кејот на Вардар, во близина на Паркот на франкофонијата. Според информациите...