Скопје
Делегација од градот Скопје положи цвеќе на гробот на поранешниот претседател Борис Трајковски
Делегација на Градот Скопје во неделата положи цвеќе на гробот на поранешниот Претседател на Република Македонија, Борис Трајковски и на гробовите на дел од загинатите во авионската несреќа, лоцирани во Алејата на великаните на Градските гробишта во Бутел.
На гробот на претседателот Трајковски цвеќе положија и делегации од Владата на Република Македонија, Собранието на Република Македонија, државни институции, политички партии, претставници на дипломатскиот кор и здруженија на граѓани.
Во недела се одбележува 13 годишнината од трагичната смрт на поранешниот македонски претседател Борис Трајковски, кој загина во авионска несреќа кај Ротимље во близина на Мостар, Босна и Херцеговина.
Во авионската несреќа животите ги загубија и: портпаролот на Претседателот Трајковски, Димка Илкова Бошковиќ, советниците на претседателот Ристо Блажевски и Анита Лозановска, претставникот на Министерството за внатрешни работи Миле Крстевски, телохранителите Аце Божиновски и Борис Велиновски, како и пилотот и копилотот на авионот Марко Марковски и Бранко Ивановски./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
