Скопје
Делови од Скопје без вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП „Водовод и канализација“, известува дека денеска, поради менување водоводен вентил во шахта на „Никола Русински“ бр. 12, од 9.30 часот до завршување на интервенцијата прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од оваа улица во општина Карпош.
Поради појавен уличен дефект на водоводна мрежа со пречник од ф-80 мм на ул. Тиквешка бб, од 17 часот водата е затворена и прекинато водоснабдување имаат корисниците на дел од оваа улица. На отстранување на дефектот ќе се работи во текот на претпладневните часови на 14.10.2021 година во општина Шуто Оризари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Скопјанец фатен како краде од старец во Аеродром

Вчера на автобуска постојка на бул.„Кузман Јосифовски Питу“, полициски службеници од Одделението за криминалистичката полиција при ЕВР Центар и Бит Пазар го лишиле од слобода Р.А.(43) од Скопје.
„Тој бил фатен при извршување џебна кражба, при што од јакната на В.Л.(76) од Чучер Сандево, скопско, одзел мобилен телефон. Исто така, тој бил баран и поради сомнение за извршени уште две џебни кражби на подрачјето на Скопје“, велат од МВР.
Лицето било задржано во полициска станица и со него бил извршен службен разговор. По целосно документирање на случаите против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Македонија
Герасимовски: ТД „Енергија Центар“ од вчера регистрирано во Централниот регистар

Општина Центар вчера во Централниот регистар го регистрира трговското друштво за производство и продажба на електрична енергија од обновливи извори „Енергија Центар“ и со тоа општината и официјално го доби второто општинско јавно претпријатие. Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, му се заблагодари и на помошник-директорот за финансии на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“, Вангел Андрески, кој ќе раководи со претпријатието една година, без никаков финансиски надоместок.
„Навистина се гордеам што Општина Центар ги носи духот на иновациите и примената на најефикасните технологии и што на моја иницијатива ја основа ‘Енергија Центар’, претпријатие што ќе носи голем бенефит за многу генерации по нас. Со реализацијата на овој проект Општината ќе биде електроенергетски независна и самоодржлива и во нејзиниот развој ќе се користат природните ресурси и потенцијали. Додека заштедите од пониските сметки и средствата од продажбата на вишоците електрична енергија ќе ги искористиме за нови енергетски фасади, поголемо зеленило, инфраструктурни решенија и проекти, кои ќе им бидат од корист на граѓаните. Претпријатието ќе биде сместено во зградата на ЈП ‘Паркинзи на Општина Центар’, му се заблагодарувам на помошник-директорот за финансии, Вангел Андрески, што ни ги отстапи просториите со цел да не плаќаме кирија, но искрено благодарност му изразувам поради тоа што ќе го раководи претпријатието без финансиски бенефит цела година. Ова е потег преку кој се гледа силната желба да почнеме со работа за бенефит на сите во Центар“, рече Герасимовски при формирањето на трговското друштво.
Формирањето на трговското друштво „Енергија Центар“ овозможува олеснување на процедурата за инсталирање поголеми фотоволтаични системи на јавните објекти, како основни училишта, детски градинки, урбани заедници и други објекти што се под надлежност на Општината.
Општина Центар преку „Енергија Центар“ може да инсталира централи со вкупна максимална инсталирана моќност од 2,44 мегавата, вкупната инвестиција за инсталирање би изнесувала околу 1.755.000 евра со поврат на инвестиција за речиси 4,5 години.
Општина Центар преку формирањето на ова претпријатие го презема првиот чекор кон енергетска независност и се промовира како првата енергетски независна општина во Република Северна Македонија.
Македонија
Без вода дел од општина Центар

Од ЈП „Водовод и канализација“ известуваат дека денеска, поради промена на ППХ (противпожарен хидрант) ф 80 мм на улицата Митрополит Теодосиј Гологанов бб, прекинато водоснабдување ќе имаат од 9 часот до завршување корисниците на дел од Митрополит Теодосиј Гологанов и дел од булеварот Свети Климент Охридски.