Скопје
Дел од Скопје без струја и вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека поради планирани прекини во електродистрибутивната мрежа без електрична енергија ќе останат следните корисници:
• Во период од 09,00ч до 13,00ч Бул. Партизански одреди зграда бр.64, влез 1 и 2 о. Карпош
• Од 12,00ч до 13,30ч ХЕЦ Маркова Река о. Сопиште
• Од 09,00ч до 10,30ч с. Јаболци, с. Нова Брезница, с. Дражилово, с. Осинчани, с.Малчиште, с.Црн Врв, с Елово, с. Патичка Река, Каменолом Беровиќ и каменолом Рудопроект о. Сопиште;
• Од 10,30ч до 12,00ч с. Говрлево, с. Долно и Горно Соње, с. Чифлик, с Св. Петка, с.Барово и дел од с. Сопште о. Сопшите
• Од 08,00ч до 08,45ч и од 15,00ч до 15,30ч с. Катланово, индустриски објекти на автопатот за Катланово, Катлановска Бања, Летевци, Градманци и Брезница о. Петровец;
• Од 08,00ч до 15,00ч корисниците од ул. Димитар Благоев, ул. Божидар Рајковиќ, дел од Бул. 12-та Македонска Бригада, ул. Благоја Мучето, ул. Тодор Чангов, ул. Дете Татуличе и ул. Ѓорге Андреевиќ-Кун о. Аеродром;
• Од 08,00ч до 13,00ч корисниците од ТС Ванекс, ТСДХЛ Керамика, ТС Феликс, ТС Ролопласт, ТС РСЕ Оптима, ТС Виор Белви, ТС Мотел Белви, ТС Бунар Белви, ТС Чеза Комерц, ТС Интернационал Фуд Базар, ТС Мак Петрол Белви, Бичишки Комерц, Петро Ком и Каз Груп о. Илинден;
• Во период од 09,00ч до 15,00ч корисниците на дел од ул. 11, ул. 1, ул.5 и ул.6 нм Кадино о. Илинден.
Од ЈП Водовод и канализација добивме известување дека на ден 28.02.2024 поради уличен дефект ф-150 мм на бул. Гоце Делчев 9 (во близина на правниот факултет на Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј”), прекинато водоснабдување ќе имаaaт корисниците на комплексот „ УКИМ“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување и одстранување на дефектот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Комунална хигиена-Скопје: Најголемо количество непрописно одложен отпад во февруари, 600 кубни метри, е подигнато во општината Центар
Во текот на месецот февруари 2026 година, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 11 000 тони мешан комунален отпад од домаќинствата на територијата на градот Скопје, извести ЈП Комунална хигиена-Скопје.
„Отстранети се и 2505 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани во сите скопски општини, а најголемо количество непрописно одложен отпад – 600 кубни метри – е подигнато во општината Центар.

Еко-патролата при ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на месец февруари изготви вкупно 100 записници за претставници на стопанските субјекти и физички лица коишто биле затекнати при неправилно одлагање на отпадот. Записниците за прекршителите на Законот за јавна чистота беа врачени во следните општини:
1. Општина Чаир – 54 записници
2. Општина Карпош – 18 записници
3. Општина Аеродром – 11 записници
4. Општина Центар – 9 записници
4. Општина Ѓорче Петров – 6 записници
5. Општина Гази Баба – 2 записника
ЈП Комунална хигиена-Скопје продолжува со реализација на еко-предавања и работилници во скопските основни училишта и предучилишни установи. Преку еко-едукацијата најмладите жители на нашиот град се запознаваат со активностите на Претпријатието, се едуцираат како правилно и совесно да постапуваат со својот комунален отпад, на кој начин се врши примарната селекција на отпадот и како се одвива процесот на рециклирање.

Во текот на минатиот месец, 253 ученици и 64 дечиња од основните училишта и градинките во општините Аеродром, Центар и Чаир имаа можност да ги проследат едукативните предавања за правилно постапување со отпадот и заштита на животната средина. Предавањата се одвиваа на македонски, албански и турски јазик“, соопшти ЈП Комунална хигиена-Скопје.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.

