Скопје
Општина Илинден продолжува со приклучување на домаќинствата кон колекторскиот систем Илинден – Марино

Општина Илинден интензивно работи со поврзување на домаќинствата кон Колекторскиот систем за фекална канализација во населените места Илинден и Марино, кој е во вкупна должина од 5000 метри.
Деновиве во тек е приклучување на домаќинствата од населеното место Илинден, кон десниот крак од колекторот што ги опфаќа фекалните цевки кои се наоѓаат во профилот на отворениот одводен канал.
На овој колекторски систем ќе бидат поврзани приближно 2500 домаќинства од населените места Илинден и Марино, такашто ќе се реши проблемот со одведувањето на фекалните отпадни води и значително ќе се подобри животната средина и квалитетот на живеење на жителите.
Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски направи увид на терен каде се работи на приклување на домаќинствата и истакна дека се работи интензивно на подобрување на квалитетот на живот на сите граѓани, како и подобрување на инфраструктурата во Општината. Тој додаде дека во дел од домаќинствата веќе се приклучени, а во наредниот период ќе се продолжи со поврзување и на останатите домаќинства кон колекторскиот систем кои во наредниот период ќе бидат приклучени на пречистителна станица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја делови од Кисела Вода

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од ул. 1523, објектите на фирмите Пастор, Орнамакс и други во нивна близина, корисниците од бул. Борис Трајковски од бр. 77 до бр. 85, како и корисниците лоцирани помеѓу објектите на фирмите Циле Инжињеринг и Интеграф. (општина Кисела Вода)
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок Ф 80мм. на Јосиф Јосифовски-Свештарот 34 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Јосиф Јосифовски-Свештарот, дел од населбата Пролет, П.С.Пролет и Амбулантата на МВР.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.
Македонија
Без струја денеска делови од Центар, Гази Баба, Бутел и Ѓорче Петров

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. Питу Гули од бр. 4 до бр. 20. (општина Центар)
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, корисниците од село Стајковци. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците од ул. Рокомија. (општина Бутел)
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од улиците Ибе Паликуќа и Воин Драшковиќ. (општина Ѓорче Петров)