Скопје
Општината Центар: Хуманоста сите нѐ сплоти, за неколку дена собрани средства за лекување на младиот Лео

Во рамките на детската хуманитарна програма организирана од Општина Центар собрани се 901.768,00 денари за лекување на младиот Леонид Индов.
Општинските градинки и училишта пред Нова година организираа низа добротворни базари, проследени со музички точки и претстави, на кои граѓаните имаа можност да донираат за Лео.
Средствата собрани на овие предновогодишни хуманитарни приредби, што се одржаа во „Рамстор“, веќе се уплатени на сметката за лекување на Лео, кој доби тешки повреди на `рбетот во несреќен случај пред неколку месеци.
,,Хуманоста сите нѐ сплоти. Со помош на нашите млади уметници и настапите на ‘златните славејчиња’ помогнавме Лео да продолжи со лекувањето. Упатувам апел до сите наши сограѓани да се приклучат кон ваквите акции и да помогнат“, порачува градоначалникот Герасимовски.
Општина Центар со благодарност до сите што беа дел од големата хуманитарна акција, а пред сѐ, на децата, наставниците и родителите, кои, како што истакнуваат, покажа дека со сплотеност и солидарност во срцата може да се помогне таму каде што е најпотребно.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 12.00 до 14.00 часот, корисниците од улицата Свети Наум Охридски, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на затврач (шибер) Ф 80мм. на булевар Партизански Одреди бб. позади СЈО со прекинато водоснабдување ќе биде дел од булеварот Партизански Одреди позади СЈО во општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до санирање на дефектот.
Македонија
Дел од Шуто Оризари денеска без струја

Од ЕВН – Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од Шуто Оризари место викано Пирков Рид. (општина Шуто Оризари)