Контакт

Скопје

Отворен спортско-рекреативен центaр на Теферич во чест на момчето за кое прерано згасна животот, Александар Ивановски

Објавено пред

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски синоќа заедно со министерот за спорт Борко Ристовски, го отвори спортскиот центар во Теферич, Припор, кое го носи името на момчето за кое прерано згасна животот, Александар Ивановски. Во негова чест, настанот започна со  едноминутно молчење. Новиот спортско-рекреативен центар се протега на околу 800 квадратни метри. Со градежниот зафат, тој доби ново осветлување, детско катче и урбана опрема, фудбалско игралиште со вештачка трева, а обезбедени се и паркинг места. Припор не смее да биде заборавено место како што било во минатото, истакна во своето обраќање градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, кој додаде дека наскоро започнува рекострукција на игралиштето во ПОУ Круме Кепески и дека во моментот активно се работи на обнова на улиците во ова населено место.

dobivaj vesti na viber

Александар Ивановски, ова малечок е во твоја чест! Денес, заедно со министерот за спорт Борко Ристовски го отворивме спортскиот центар во Теферич, Припор, кое име го носи на момчето за кое прерано згасна животот, Александар Ивановски. Младо момче, наш сограѓанин и другар, ученик и син за кого животот само што требаше да започне…Нека ти е вечна слава! Твојот спомен засекогаш ќе остане врежан во нашите срца! Обично ваквите настани ги започнуваме со аплауз, но сега, оддаваме почит со едно минутно молчење. Во негова чест.

Почитувани, Припор, како што знаете, е едно од местата кое беше заборавено од моите претходници, но тој третман останува таму, во минатото. Ние, во изминатиот период се потрудивме и сѐ уште силно работиме на рамномерен развој како за Припор, така и за останатите населби. Поддршката од припорчани сум ја имал секогаш и затоа го давам својот максимум да ги исполнам очекувањата и барања на мојот народ. Така е и со овој спортски центар во Теферич, кој доби ново осветлување, детско катче и урбана опрема, вештачка трева за фудбалското игралиште, како и паркинг места. Така ќе биде и со игралиштето во подрачното училиште каде што никој шајка нема заковано со години, игралиште на кое му е потребна реконструкција и таму започнуваме со работа. Моментално работиме и на реконструкција на повеќе улици овде во Припор и се трудам максимално да одговорам на сите ваши потреби за кои во минатото никој немал слух. Заедно со вас, во иднина ќе направиме уште повеќе. Го имате мојот збор.

Нека е аирлија, а јас и понатаму ќе продолжам со работа и само работа за поквалитетен живот на мојот народ-изјави градоачалникот Орце Ѓорѓиевски.

Македонија

Без струја денеска делови од Центар, Гази Баба, Бутел и Ѓорче Петров

Објавено пред

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:

dobivaj vesti na viber

– во периодот од 08.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. Питу Гули од бр. 4 до бр. 20. (општина Центар)

– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, корисниците од село Стајковци. (општина Гази Баба)

– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците од ул. Рокомија. (општина Бутел)

– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од улиците Ибе Паликуќа и Воин Драшковиќ. (општина Ѓорче Петров)

Прикажи повеќе...

Македонија

Дел од Центар денеска без вода

Објавено пред

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради уличен дефект од ф – 80 мм на улицата Пиринска бр. 45 без вода ќе останат дел од корисниците од улиците Ленинова и Чедомир Миндеровиќ, општина Центар.

dobivaj vesti na viber

Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Костовски: Нов модерен затворен базен во Бутел

Објавено пред

Актуелниот градоначалник на Бутел и кандидат на локалните избори од ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Костовски им најави на граѓаните на Општината дека ќе добијат уште еден затворен базен во Бутел 1.

dobivaj vesti na viber

„Покрај затворениот базен кој се гради во дворот на ООУ „Ацо Шопов”, уште еден ќе се изради во дворот на ООУ „Св. Климент Охридски”.

Овој објект ќе биде симбол на она што претставува здрав живот за нашите деца.

Од моментот кога станав градоначалник на општина Бутел ветив дека грижата за нашите деца ќе биде мојот фокус.

На мое задоволство, покажавме дека со ефикасна работа и јасна визија можеме да го забрзаме развојот на спортската инфраструктура во нашата општина.

Пливањето како спорт има огромно значење за здравјето и развојот на младите генерации.

Со ова овозможуваме не само услови за развој на спортски таленти, туку и простор за рекреација и здрав живот за сите жители на општината.

Со силна динамика и посветеност ќе продолжиме да ги создаваме потребните услови за подобар живот и развој на граѓаните на општина Бутел“, вели Костовски.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет6 часа

Трамп по телефонскиот разговор: Ќе се сретнам со Путин во Будимпешта

Американскиот претседател Доналд Трамп денес разговараше по телефон со рускиот претседател Владимир Путин, еден ден пред најавената средба со украинскиот...

Македонија10 часа

МВР со детали: Поткопан е темелот на куќата на Владо Малески, против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава

Се огласи полицијата по случајот со уривањето на дел од спомен-куќата на Владо Малески, авторот на текстот на македонската химна....

Македонија13 часа

Очекувам победа во првиот круг, не за да добијам политичка круна, туку за да не се пролонгираат сегашната голгота и хаосот, рече Ѓорѓиевски

Кадидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, е убеден во победа, а вели дека искрено очекува тоа да...

Македонија14 часа

Поради сериозен дефект, МРТВ не емитува три дневника: се проверува дали е намерен упад во системот

Македонската радио-телевизија информира дека поради сериозен технички проблем, вчера не беше во можност да ги емитува телевизиските дневници во 17,...

Македонија15 часа

Родителите на жртвите од „Пулс“: Привремено се прекинуваат блокадите, маршевите продолжуваат секоја сабота

Семејствата на трагично починатите деца во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани информираа дека по добивањето на датумот за почеток...

Македонија15 часа

Прекин на испораката на гас за ЈСП, можни се отстапувања од возниот ред

ЈСП информира дека до утре ќе има прекин на испораката на гас и поради тоа е можно да има прекин...

Македонија16 часа

На 35 вакцинални пункта во државата денеска почна вакцинацијата против сезонскиот грип, досега пријавени 43.000 граѓани

Министерството за здравство информира дека денеска почна вакцинацијата против сезонски грип, која се спроведува на вкупно 35 вакцинални пункта низ...

Македонија16 часа

Судењето за пожарот во „Пулс“ почнува на 19 ноември

Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, почнува на 19 ноември во судницата во...

Македонија16 часа

Сиљановска – Давкова очекува помош од ЕУ во пронаоѓањето креативно решение за деблокада на македонските интеграции

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова очекува помош од Унијата во пронаоѓањето на излезно креативно решение за деблокада на македонските интеграции....

Македонија17 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Фатмир Дехари е градоначалник на срамот во Кичево, малтретирал и сексуално понижувал жени

Фатмир Дехари е градоначалник на срамот во Кичево. Дехари е симбол за брутална злоупотреба на моќта, понижување на жените, и...

Свет19 часа

Трамп: Хамас копа во урнатините и бара тела на заложници, тоа е ужасен процес

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека Хамас продолжува со напорите за враќање на телата на мртвите израелски заложници држени...

Европа19 часа

Немири на пропалестинските протести во Валенсија

Најмалку пет лица беа приведени, а неколку беа повредени во пропалестинските протести во Валенсија што се одржаа пред и за...

Свет19 часа

(Видео) Трамп: Америка е во трговска војна со Кина

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека САД се во трговска војна со Кина. Новинарите во Белата куќа го прашаа...

Европа19 часа

Украина тврди дека идентификувала повеќе од 1.000 Кубанци, кои се борат за Русија

Украинското воено разузнавање (ХУР) објави дека најмалку 1.076 кубански државјани се бореле или сè уште се борат на страната на...

Свет19 часа

Хамас врати уште две тела на заложници, велат дека не може да ги пронајдат другите

Хамас вчера ги предаде останките на уште двајца заложници на Меѓународниот комитет на Црвениот крст, но соопшти дека во моментов...

Македонија1 ден

Фон дер Лајен по посетата на Македонија: Топката е во Вашиот двор, ЕУ е подготвена

Целосно стоиме зад Северна Македонија на нејзиниот пат кон Европската Унија. Може да сметате на нас. Вашиот следен и единствен...

Македонија1 ден

Гаши – фон дер Лајен: Економска интеграција на единствениот европски пазар пред интеграција во ЕУ

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која во рамките на...

Македонија1 ден

Поради изградба на објект, оштетен е ѕид и кровот на куќата на Владо Малески во Струга, споменик заштитен како културно наследство

Поради изградба на објект, оштетен е ѕид и кровот на куќата на Владо Малески во Струга, споменик заштитен како културно...

Македонија1 ден

Мицкоски на средбата со фон дер Лајен: Државата очекува од Европската Унија јасна и конкретна посветеност

Денес во просториите на Владата, премиерот, Христијан Мицкоски, имаше средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во...

Македонија1 ден

Уставниот суд не поведе постапка по иницијативата на Левица, партијата ќе се жали во Стразбур

Уставниот суд ја одби Иницијативата на Левица за оценување на уставноста и законитоста против Упатството на ААВМУ што се однесува...