Македонија
Отстранета дивоградба на улицата Самуилова на Калето во општина Центар
Секторот за инспекциски работи на Општина Центар, во придружба на градежна механизација, денеска, на улицата Самуилова на Калето, отстрани нелегално изграден објект на непознат инвеститор.
Градбата што е отстранета е објект од втора категорија, со димензии 10 метри на 5,5 метри, изграден од армирано-бетонска конструкција, на земјиште сопственост на Република Северна Македонија.
Секторот за инспекциски работи на Општина Центар, по извршениот вонреден надзор, постапувајќи по член 134, став 1, алинеа 1 и член 137, став 1 од Законот за градењето, донесе решение за отстранување на објектот затоа што инвеститорот не поседува одобрение за градба и друга документација. Инвеститорот, во согласност со членот 142 од Законот за градењето, има три дена за сам да постапи по решението. Бидејќи тој не постапил, Секторот за инспекциски работи присилно го отстрани објектот.
Општина Центар упатува апел до сите инвеститори и сопственици на нелегални објекти да постапуваат по издадените решенија за отстранување на објектите. Во спротивно Општината присилно ќе ги отстрани, со што трошоците за отстранувањето ќе паднат на товар на инвеститорите, односно сопствениците на нелегално поставените објекти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

