Скопје
Отстранета обемна дива депонија на улицата Московска во Карпош
Во текот на изминатите неколку дена повторно е забележано зачестено одлагање отпад на јавни површини во скопската општина Карпош. Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје денеска подигнаа и транспортираа приближно четири кубни метри отпад од дива депонија составена претежно од мешан комунален отпад и отпад од амбалажа и пакување, лоцирана на улицата Московска.
ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје апелира до жителите на оваа скопска општина внимателно и совесно да постапуваат со својот отпад и да не го одлагаат на јавни или сообраќајни површини затоа што таквото однесување директно придонесува за загадување на животната околина.
Доколку граѓаните имаат потреба да се ослободат од својот стар мебел и неупотребливите електронски и електрични уреди, ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје им ја нуди можноста да ги одложат без плаќање надоместок во центарот за селекција лоциран токму во општината Карпош, секој ден во неделата, од 9 до 19 часот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Без вода дел од општина Карпош
Денеска, поради промена на вентил во шахта ф 2“ на улица Никола Русински бб (за Македонска Пошта), прекинато водснабдување од 09,00 часот ќе имаат корисниците од улицата Никола Русински и детската градинка во општина Карпош.
Скопје
Зелениково, Ѓорче Петров и Карпош денеска без струја
Поради планирани технички интервенции во електродистрибутивната мрежа на ЕВН, денеска без електрична енергија ќе останат следните корисници:
· Во период од 09,00 до 14,00 часот општина Зелениково нм Таор, Ново Село, Градовци, Гумалево, Орешани, С,есница, Тисовица, Дејковци, Добрино и Пакошево;
· Од 08,30 до 12,30 часот општина Ѓорче Петров дел од село Волково;
· Од 09,00 до 13,00 часот општина Карпош дел од корисниците на улица Ангел Динев во населба Влае;
· Од 13,30 до 14,30 часот општина Ѓорче Петров дел од село Радуша
Скопје
Неколку општини во Скопје денеска без струја
Поради планирани прекини во електро дистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат следните корисници:
– Од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од ул.Тодор Чангов. (опш.Аеродром);
– Oд 08:30 до 12:00 часот, дел од корисниците од село Злокуќани. (опш.Карпош);
– Од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од Волково на ул.81, 79, 87, 91 (опш.Ѓорче Петров);
– Од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од улиците Архитекст Никола Добровиќ, Пушкинова. (опш.Аеродром);
– Од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од улиците Даме Груев, Мито Хаџивасилев Јасмин (oпш. Центар);
– Од 12:00 до 13:00 часот, Пумпна станица Шуто Оризари. (опш. Шуто Оризари).