Скопје
Полицијата воведува ред во Скопје, пишани 549 казни од кои 187 за брзо возење

Во рамките на засилените сообраќајни контроли, полициските службеници од СВР Скопје вчера спроведоа акциска контрола низ целата територија во нивна надлежност, при што беа санкционирани вкупно 549 возачи, од кои 187 за возење со брзина поголема од дозволената.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, во рамки на контролата биле изречени и 36 санкции за управување возило без возачка дозвола, а останатите казни се однесуваат на различни прекршоци, при што најголем број биле за погрешно или недозволено паркирање.
„Сообраќајните контроли по планот продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, наведуваат од МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Отстранети 𝟨𝟢 кубни метри отпад од диви депонии во скопските општини Чаир, Центар и Гази Баба

Во текот на вчерашното деноноќие, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија неколку обемни диви депонии лоцирани во скопските општини Чаир, Центар и Гази Баба, известуваат од Комунална хигиена-Скопје.
„Во општината Чаир е повторно интервенирано на булеварот Никола Карев (Пластичарска улица), каде што се подигнати 30 кубни метри мешан комунален и кабаст отпад одложени кај детското игралиште на аголот со улицата Максут Садик.
Во општината Центар се отстранети приближно 20 кубни метри кабаст отпад од јавни и сообраќајни површини на улиците Митрополит Теодосиј Гологанов и Народен фронт.
ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираше активности и во скопската општина Гази Баба, каде што во населбата Хиподром се подигнати 10 кубни метри кабаст и градинарски отпад одложени на сообраќајна површина во близина на последната автобуска постројка на автобусот бр.50“, соопштуваат од Комунална хигиена-Скопје.
Македонија
Одредени категории родители ослободени од плаќање месечен надоместок за градинка во општина Аеродром

Општина Аеродром извести дека ги ослободува од плаќање надоместок одредени категории родители и старатели за престој на нивните деца во двете детски градинки „Буба Mара“ и „Срничка“.
Оваа одлука ја донесе Советот на Општина Аеродром на последната седница со што се ослободуват од плакање следните категории:
– „Родители на три деца запишани во градинка, се ослободуваат од плаќање месечен надомест за престој на едно дете“;
– Самохран родител со примања до една минимална плата или со други примања во износ до една минимална плата;
– Двајца родители без приходи или самохран родител без приходи;
– Двајца родители од кои еден е без приходи, а другиот родител е со примања до една минимална плата или со други приходи во износ од една минимална плата;
– Родители на деца со категоризација за тешкотии во развојот на детето/децата;
„Ослободувањето се однесува за периодот до 31.12.2025 година, а има цел да им се олесни на најранливите категории граѓани.
Општина Аеродром во континуитет се грижи за најмалите жители и за нивните семејства и ќе продолжи како и досега да донесува вакви и слични одлуки со кои сите деца ќе добијат еднакви услови за правилен раст и развој, како и еднаков пристап до воспитно-образовните процеси“, соопштуваат од општината.
Скопје
За седум дена санкционирани се 142 непрописно паркирани возила во општина Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 03.03. до 09.03.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 142 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
„ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците“, велат од ЈП Паркинзи.