Скопје
Стефковски: Ова е време на дела за Гази Баба
Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски утрово беше во посета на Стајковци каде што направи увид на градежните активности за асфалтирање на улица 3.
За посетата, градоначалникот Стефковски информираше на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:
„Денешниот работен ден го започнавме со увид на градежните работи за асфалтирање на улица 3 во Стајковци. Жителите од оваа улица повеќе од 60 години газеле кал и земја. Дадениот збор пред граѓаните се исполнува! Ветив дека оваа улица ќе се асфалтира и денес тоа станува реалност! Реализираме инвестиции во патната инфраструктура како никогаш досега! Асфалтирани се повеќе од 70 локални улици во изминатите скоро три години од мојот мандат. Тука нема да застанеме! Продолжуваме понатаму! Ова е време на дела за Гази Баба! – напиша Стефковски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Дел од општините Центар и Карпош денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа денеска без напојување со електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 11:00 часот, корисниците од дел од улицата Тетовска во општина Центар;
· од 09:00 до 13:00 часот, корисниците во околината на последната автобуска станица на ЈСП – линија 57, во населба Нерези во општина Карпош;
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од улиците: Орце Николов, Крагуевачка, Драган Ѓаконовски – Шпато, Беджих Сметана и Миладин Поповиќ во општина Карпош.
Скопје
Без струја денеска дел од Ѓорче Петров
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, дел од корисниците на улицата Браќа Галеви, улицата Вела Марков и улицата Стево Филиповиќ во општина Ѓорче Петров.
Скопје
(Фото) Герасимовски: Центар е првата општина што блесна во новогодишна магија
Општина Центар информира дека заврши со процесот на украсување за Новогодишните и Божиќните празници.
Оваа година, новогодишното украсување со бројни светлосни украси, елки и декоративни елементи поставени на најфреквентните локации во општината започна на 21 ноември со цел создавање празнична атмосфера која ќе донесе радост и топлина на жителите на општината, но и на сите граѓани.
Градоначалникот Горан Герасимовски потенцира дека секоја светилка нѐ потсетува на празничната атмосфера со најблиските, на љубовта, на мирот и на радоста.
„Центар блеска во новогодишна магија. Секоја светилка нѐ потсетува на празничната атмосфера со најблиските, на љубовта, на мирот и на радоста. Минатиот месец, први во државата почнавме со украсување за да ги стоплиме срцата на дечињата и на возрасните, Центар е дом во кој сите се добредојдени”, истакнува Герасимовски.
Во текот на следната недела, граѓаните ќе бидат информирани за сите културни и музички настани што ќе се реализираат пред празнично, на крајот од 2024 година.