Скопје
Талески: Герасимовски во Центар не реализира ниеден ветен капитален проект – општината се дави во смет и владее урбанистички хаос
„Општина Центар го има еден од најнеспособните градоначалници во Република Македонија. Тој е слика и прилика како СДС владее во Македонија. Градоначалникот Горан Герасимовски, кој дојде на оваа позиција како наследник на Богдановиќ и Жерновски, наместо да го среди урбаниот хаос во Центар, продолжи таму кај што застанаа неговите претходници. СДС и неговите коалициски партнери веќе десет години раководат со оваа општина и состојбите во неа се директно нивна одговорност“, вели Мартин Талески, член на ОК на ВМРО-ДПМНЕ – Центар.
„Влегувајќи во третата година од својот мандат, Герасимовски нема ни отчет за сработеното ниту, пак, нешто конкретно се работи на терен. Градоначалникот изборно се обврза на подобрување на хигиената во општината, а Центар денес е повалкан од кога било. Сведоци сме на нечисти улици и паркови како никогаш досега. Во општина Центар владее урбанистичко дивеење, а локалната власт е нем набљудувач на тоа што секојдневно им се случува на центарци. Дивоградби никнуваат, се узурпира јавниот простор на граѓаните, а Општина центар молчи и ништо не презема.
Сè што вети Горан Герасимовски остана на хартија затоа што е неспособен и неодговорен. Иако списокот на ветени проекти е долг, во оваа пригода потсетуваме на капиталните нереализирани, а ветени проекти, за кои граѓаните на Центар секојдневно сведочат.
Граѓаните сè уште чекаат на двете ветени градинки во населбите Пролет и во Маџир Маало. Првата во Пролет, која во согласност со изборната програма требаше да биде завршена до крајот на 2022 година, е далеку од конечна реализација. Втората градинка во Маџир Маало, по повеќе од две години, сè уште не е ни почната.
Нема ништо и во делот на обезбедување повеќе паркинг места за центарци. Сè уште не е ни во почетна фаза изградбата на ветената катна гаража во блокот згради спроти ПУИК во Дебар Маало, ниту е поставен ветениот монтажен паркинг со 296 паркинг-места на локацијата на ПУИК.
Беше ветена и изградба на општинска административна зграда, хортикултурно и партерно уредување на просторот каде што се постојните бараки. И овој проект остана само на хартија. Вакви објекти во интерес на граѓаните не се градат, ама затоа кога се работи за згради и бизнис-интереси, тогаш тука нема застој. Односно, мораториумот во Центар умре и владее урбанистички хаос. Заборави на ветувањата за хумано живеење во Центар и затоа сега гледаме хиперурбанизација во делот на поранешна „Треска“ и други локации каде што се предвидува да никнат цели градови.
Поминаа цели две години од мандатот на Герасимовски во лага. Ниту реализација на проектите ниту подобрување на квалитетот на животот за центарци.
Време е по една деценија, СДСМ да биде казнет од граѓаните на Центар. Важно е Центар да има локална самоуправа, која ќе се грижи за граѓаните“, изјави Мартин Талески, член на ОК на ВМРО-ДПМНЕ – Центар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Герасимовски: Со инвестициите во образованието поставивме нови стандарди за квалитетен наставен процес
Лифтови, пристапни рампи, сензорни соби и санитарни јазли за потребите на учениците со потешкотии, градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски го претстави отчетот за сработеното во изминатите три години.
„Во делот на образованието, сакам да истакнам дека Општина Центар посветува сериозно внимание на инклузивниот процес за учениците со потешкотии во движењето. Во доградбата на училиштето во „Коле Неделковски“ поставивме лифт, прилагодени санитарни јазли, пристапни за учениците со потешкотии во движењето, лифт и пристапни рампи поставивме и во новата градинка Пролет, а пред два месеца ги завршивме и пристапната рампа во училиштето „Кочо Рацин“. Дополнително, вложуваме и во подобрување на спортските објекти во училиштата. Ги реконструиравме спортските сали во училиштата „11 Октомври“, „Гоце Делчев“, „Кочо Рацин“ и свечената сала во училиштето „Димитар Миладинов“. Темелно ги реконструиравме и модернизиравме трпезаријата и кујната во училиштето „11 Октомври“, набавивме информатичка опрема во вредност од 6 милиони денари, отворивме сензорни соби и поставивме прочистувачи на воздух во секоја училница во сите училишта“, изјави Герасимовски презентирајќи го отчетот.
Центарскиот градоначалник исто така рече дека работеле и на реконструкции на санитарни јазли во пет основни училишта. Дополнително, обновени се крововите на градинката „13 Ноември“ во објектот „Јасмин“ и на градинката „Корчагин“, каде направена е целосна реконструкција на сите занимални.
„Три години по ред обезбедуваме бесплатни ранчиња и училиштен прибор за сите првачиња, со што го олеснуваме финансискиот товар на родителите. Општина Центар е единствената општина што обезбедува лични асистенти за децата во училиштата кои не се опфатени со проектот на Министерството за образование и наука“, потенцираше Герасимовски.
Скопје
Герасимовски: Фотоволтаиците на покривите нè прават лидер во иновативни проекти на локално ниво
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски го презентираше отчетот за сработеното во изминатите три години. Тој вели дека Општина Центар ги носи иновациите од кои бенефит ќе имаат многу следни генерации.
„Општина Центар уште еднаш покажа дека е лидер во иновациите. Ние сме првата општина во државата што основа претпријатие за производство и продажба на електрична енергија. Преку „Енергија Центар“ поставивме фотоволтаични централи на градинката „Пепелашка“, со што за една година ги преполовивме нејзините трошоци за електрична енергија. Пред два месеци, фотоволтаични панели поставивме и на кровната површина на училиштето „Киро Глигоров“, вкупно 720 панели со инсталирана моќност од 396 киловати за производство на електрична енергија. Оваа инвестиција, во вредност од 7,3 милиони денари, беше обезбедена од општинскиот буџет“, изјави Герасимовски презентирајќи го отчетот.
Тој појасни дека неговата цел е поставување на фотоволтаични централи на сите институции под ингеренции на општината.
„Нашата цел е да поставиме фотоволтаични централи на сите основни училишта и градинки, а средствата од продажбата на вишоците електрична енергија да ги реинвестираме во нови фасади, подобрување на објектите и унапредување на наставниот процес. Општина Центар е првата општина која отвори енергетска канцеларија, каде што сите заинтересирани правни и физички лица можат да добијат информации за процесот на поставување фотоволтаици на кровните конструкции на институциите или на сопствените домови. Често потенцираме дека сме пример кој вреди да се следи“, изјави Герасимовски.
Герасимовски на презентацијата на отчетот зборуваше и за капиталните проекти како доградбата на училиштето „Коле Неделковски“, паметното осветлување, изградбата на градинката Пролет, хортикултурното и партерно уредување, инфраструктурните проекти реконструирањето на Ленинова и др.
Скопје
Герасимовски: Со инвестициите од претходните три години во наследство оставаме проекти за многу следни генерации
Претпријатие за производство и продажба на електрична енергија, капитални инвестиции во образовните институции и инклузивниот процес, паметно осветлување и инфраструктурни проекти, градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски го претстави тригодишниот отчет пред граѓаните. Тој на прес конференција посочи дека изминатиот период општината е фокусирана и посветено работи на реалните потреби на жителите и локалната самоуправа, а за тоа говори и високата реализација на буџетот која изнесува 87%.
Герасимовски отчетот го започна истакнувајќи дека дел од проектите кои актуелната локална власт ги реализирала за три години се направени по повеќе од 50 години.
Од капиталните проекти тој рече дека Општина Центар е носител на иновациите потенцирајќи го трговското друштво „Енергија Центар“.
„Општина Центар уште еднаш покажа дека е лидер во иновациите. Ние сме првата општина во државата што основа претпријатие за производство и продажба на електрична енергија. Преку „Енергија Центар“ поставивме фотоволтаични централи на градинката „Пепелашка“, со што за една година ги преполовивме нејзините трошоци за електрична енергија. Пред два месеци, фотоволтаични панели поставивме и на кровната површина на училиштето „Киро Глигоров“, вкупно 720 панели со инсталирана моќност од 396 киловати за производство на електрична енергија. Оваа инвестиција, во вредност од 7,3 милиони денари, беше обезбедена од општинскиот буџет.
Нашата цел е да поставиме фотоволтаични централи на сите основни училишта и градинки, а средствата од продажбата на вишоците електрична енергија да ги реинвестираме во нови фасади, подобрување на објектите и унапредување на наставниот процес “, изјави Герасимовски пред новинарите.
Тој рече дека за првпат во државата е отворена енергетска канцеларија каде правните и физичките лица може да се информираат за постапките и документацијата за поставување на фотоволтаични панели.
Од капиталните инвестиции Герасимовски зборуваше за доградбата на училиштето „Коле Неделковски“ по цели 66 години како и поставувањето на паметното осветлување со кое општината ќе заштеди на сметките за јавно осветлување.
„Ветивме и го исполнивме проширувањето на капацитетите на училиштето „Коле Неделковски“. По 66 години, училиштето за првпат доби четири нови училници и два кабинети. Дополнително, изградивме лифт и санитарни јазли за учениците со посебни образовни потреби. Градиме модерна и современа општина. Инвестиравме два милиони евра во реконструкција и модернизација на уличното осветлување, приклучувајќи се на проектот Смарт сити. Во завршна фаза сме на поставување на улични светилки со ЛЕД технологија и паметни ормари, што ќе придонесе за зголемена безбедност, подобрен квалитет на осветлувањето и до 70% заштеди за општината“, рече Герасимовски.
Изградбата на градинката „Пролет“ во вредност од 2,5 милиони евра и улицата „Ленинова“ се уште едно ветување за кое зборуваше Герасимовски.
„Со особена радост сакам да најавам дека внатрешното уредување на новата градинка „Пролет“ е при крај. Општина Центар со сопствени средства во износ од околу 2,5 милиони евра ја гради најголемата градинка во државата, со капацитет за згрижување на 150 деца од населбите Пролет и Маџир Маало. Ова е модерна градинка на две нивоа, опремена со пристапни рампи, лифт и сопствена кујна. Го исполнивме и барањето на граѓаните и ја реконструиравме улицата „Ленинова“, која сега е модерна, зелена и урбана улица. Создадовме паркинзи за станарите, ново осветлување, паркинзи за велосипеди и велосипедски патеки од двете страни на улицата “, изјави Герасимовски.
Градоначалникот на Центар Герасимовски зборуваше за новиот проект кој во моментов се работи, а се однесува на зелен појас во Капиштец.
„Веќе започнавме со хортикултурно и партерно уредување на потегот од „Беверли Хилс“ до трговскиот центар „Зебра“ во Капиштец. Ќе зазелениме и уредиме површина од околу 7000 квадратни метри, за која верувам дека ќе стане ново собиралиште за жителите на населбата. Ова уредување вклучува поставување на нова урбана опрема, детски реквизити, систем за наводнување и модерно ЛЕД осветлување, кое ќе ја подобри видливоста и безбедноста во вечерните часови“, рече Герасимовски.
Од инвестиции во образованието Герасимовски наброја инвестиции во инклузивниот процес во образованието, новите лифтови во училиштето Коле Неделковски и градинката Пролет, пристапните рампи во „Коле Неделковски“ и „Кочо Рацин“ и градинката „Пролет“, спортските сали во училиштата „11 Октомври“, „Гоце Делчев“, „Кочо Рацин“ и свечената сала во училиштето Димитар Миладинов. Темелно реконструираната и модернизирана трпезаријата и кујна во училиштето „11 Октомври“, новата информатичка опрема во вредност од 6 милиони денари, сензорните соби и прочистувачите за воздух во секоја училница во сите училишта.
Герасимовски рече дека се реконструирани и тоалетите во 5 основни училишта, крововите на градинката „13 Ноември“ објектот „Јасмин“, градинката Корчагин која има и целосна реконструкција на сите занимални. Тој потсети и дека три години сите првачиња во Центар добиваат бесплатни ранци и училиштен прибор како и тоа дека општината е единствена која обезбедува лични асистенти за децата со посебни образовни потреби.
Во инфраструктурниот развој Герасимовски зборуваше дека општината реконструирала 19 улици при што обезбедени се резидентни паркинзи, поставена е нова урбана опрема и столпчиња за регулирање на сообраќајот на повеќе локации во општината.
„По барање на граѓаните, изградивме дополнителни пешачки патеки во неколку населби, овозможувајќи полесна достапност до одредени локации. Целосно го реконструиравме и тротоарот на улицата „Народен фронт“, со што добивме побезбедни улици и за возачите и за пешаците. Продолжуваме да ги решаваме проблемите на граѓаните и да ја унапредуваме инфраструктурата. Го регулиравме паркингот кај Народна банка за 250 возила и изградивме паркинг зад автобуската „Ким“ и училиштето „Коле Неделковски“, рече Герасимовски.
Општина Центар е највело општина со освоена прва награда, а заслуга за тоа имаат и 460-те субвенции за купување нови велосипеди, 66-те субвенции за е-велосипеди и тротинети, како и субвенциите за дополнителна опрема за велосипеди, појасни градоначалникот на Општина Центар Герасимовски.
Во неговиот отчет влегува и акцијата за кревање на хаварисани возила кои ја грдат сликата за јавна чистота и уредена околина.
„Во соработка со МВР и пајак службата на Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар,“ организираме акции за отстранување на хаварисаните возила. Целта е да ги ослободиме јавните површини што со години беа безцелно узурпирани. За оваа цел, овозможивме телефонски број каде што граѓаните можат да ги пријавуваат хаварисаните возила за нивно бесплатно дислоцирање“, рече Герасимовски.
Тој зборуваше и за реконструкцијата на детските и спортски игралишта и апелите за намалување на девијантното однесување во ноќните часови.
„Силно се залагавме за институционална поддршка во справувањето со девијантното однесување во ноќните часови. Нашите апели до младите, родителите, институциите и стручната фела сакаме да ги преточиме во предлог за законско решение кое ќе стави крај на овие појави. Како градоначалник, заедно со општинската администрација, ја инициравме постапката за измени во законот што ги опфаќа малолетничката деликвенција, родителството и образованието. Ова е чекор кон спречување на насилното и девијантното однесување, кое за жал се пренесува и во други општини“, изјави Герасимовски.
Тој потсети и на зголемените инспекторски надзори и зборуваше за исполнетите ветувања кон пензионерите. Трите отворени пензионерски клуба, бесплатните стоматолошки услуги, еднократна финансиска помош за пензионерите со просечни пензии како и проектот кој нуди нега во домашни услови. Во отчетот Герасимовски не ги изуми ниту семејствата со принова. За три години општината доделила 5 милиони и 600 илјади денари на 808 семејства со новороденчиња и воведе нов проекти за бесплатен превоз до здравствените установи за лицата со попреченост над 18 години.
Градоначалникот Герасимовски зборуваше за транспарентноста и отворени денови како и онлајн услугите за граѓаните и нивното партиципативно учество во креирање на буџетот.
Од културните настани тој ги наброја Маалскиот фестивал, детската недела, роденденот на Горан Стефановски, како и концертот Нешто што ќе остане како и хуманитарните базари за собирање средства за лекување на неколку центарски дечиња.
Општина Центар е лидер во промени, рече Герасимовски мислејќи на Иницијативата за конфискација и пренамена на бесправно изградени објекти која се преточи во ново законско решение.
„Тоа е победа не само на Општина Центар, туку и на сите општини во државата“, рече Герасимовски.
Герасимовски зборуваше и за проектите кои се планираат за следната година, а тоа е изградба на нова општинска и административна зграда со 300 паркинг места за автомобили и 100 за велосипеди и тротинети. За следната година рече Герасимовски клубот „Работнички“ ќе добие матична сала што е исполнување на уште едно негово ветување.
За крај тој изјави дека Општина Центар ќе остане посветена на ветувањата за реализација на сите проекти кои носат бенефит за граѓаните, ја развиваат општината и го подобруваат животот во Центар.