Скопје
Шилегов: Со изградбата на булеварот Борис Трајковски, Драчево конечно добива врска со градот

Град Скопје продолжува да ја развива градската улична мрежа во исто време со мрежите на велосипедски и пешачки патеки на начин што ќе обезбеди одржлива урбана мобилност, која подразбира безбеден и ефикасен сообраќај.
Градежните активности се во тек за проширувањето на булеварот Борис Трајковски, на потегот од крстосницата во Пинтија до мостот на Маркова река пред Драчево.
На овој потег во вкупна должина од 2.325 метри се врши целосна замена на стариот асфалт со нов, се прошируваат коловозните ленти и наместо 2, отсега ќе има 4 коловозни ленти. Се градат пешачки патеки од двете страни на булеварот и велосипедска патека од едната страна, со ширина од 2,75 метри, со што вкупната ширина на коловозот со пешачките и велосипедската патека на крајот ќе изнесува 20 метри.
„Овој булевар е од исклучителна важност за жителите на населбите Драчево и Пинтија од општина Кисела Вода, за населбите од соседните општини Студеничани, Сопиште и Зелениково, како и за локалните бизниси-сместени по неговата должина. Со овој зафат значително ќе се намали сообраќајниот метеж што се создава во овој дел од градот“, вели градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.
Поради исклучително фреквентниот сообраќај, како што најави, предвидена е и изградба на кружен тек пред мостот во Драчево, а ќе се изведе нова атмосферска канализација и енергетски ефикасно ЛЕД-улично осветление. „Со изградбата на булеварот Борис Трајковски, Драчево конечно добива брза врска со остатокот од градот“, додава Шилегов.
За оваа фаза од булеварот се предвидени околу 212 милиони денари (без ДДВ) од буџетот на Град Скопје, а рокот за реализација е 24 месеци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Дел од Шуто Оризари денеска без струја

Од ЕВН – Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од Шуто Оризари место викано Пирков Рид. (општина Шуто Оризари)
Македонија
Улиците во Карпош вечерва во тотален мрак

Општина Карпош во моментов е без улично осветлување поради пад на системот.
Од Општината информираа дека во моментот се работи на отстранување на проблемот и повторно подигнување на системот.
Се очекува осветлувањето да биде нормализирано во најбрзо време.
Македонија
Општина Аеродром доделува 3.500 денари за првачињата

Општина Аеродром и оваа година ќе доделува еднократна парична помош за семејствата чие дете е прваче во едно од основните училишта на територијата на општината во висина од 3.500 денари. Рокот за пријавување е од денеска, 2 јули до 30 септември 2025 година.
Потребно е до архивата на Општината да се поднесат потврда за запишан ученик во прво одделение во учебната 2025/2026 година заверена од основно училиште од територијата на Општина Аеродром или основно училиште со ресурсен центар, фотокопија од извод од матичната книга на родените за првачето, како и на увид лична карта или патна исправа на барателот.
Образецот и изјавата за согласност за обработка на лични податоци што треба да се пополнат можат да се најдат на следниот линк:
http://aerodrom.gov.mk/dokumenti/formulari