Скопје
Ѓорѓиевски: Општина Кисела Вода секогаш ќе биде пријател на младите

По повод Меѓународниот ден на младите, 12 Август, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски зеде учество на конференцијата „Општините пријател на младите – Mладинското учество во фокус“, финансирана од Европската Унија, а имплементирана од Националниот младински совет на Македонија заедно со партнерите. На панел дискусијата тој говореше за процесот на исполнување на обврските на општина Кисела Вода во поглед на интегрирање на младите во локалната заедница, предизвиците со кои се соочува, како и за стратегиите кои се применуваат за ефективна интеграција на младите во локалните демократски процеси.
-Општина Кисела Вода е силно насочена кон интеграција на младите во локалната заедница и што се рефлектира преку бројни проекти од кои најголем бенефит имаат младите. Како дел од проектот “Јас и мојата Кисела Вода” спроведуван од Центар за Младински Активизам Крик, а финансиран од Национален Младински Совет на Македонија и Европска комисија, во изминатиот период беа одржани серија од консултативни средби со млади општината, од средните училишта на територија на Кисела Вода како и со претставничките тела на младите – Локален младински совет и Локално Собрание на млади. Учесниците имаа можност да се едуцираат и да бидат дел од креирањето и спроведувањето на локалната стратегија за млади од општина Кисела Вода. Говорејќи за донесената локалната младинска стратегија на општина Кисела Вода и Акцискиот план морам да назначам дека беа работени заедно со Коалиција од младински организации “СЕГА”, а исто така Општина Кисела Вода влезе и во Еразмус програмата која ќе трае до 2025 и преку која наши вработени имаа студиска посета во Лисабон на тема Млади и младински политики во локалната самоуправа.
Би можел да кажам дека голем дел од проектите што ги спроведуваме во овие три години се произлезени од идеите на младите бидејќи нашата соработка е континуирана. Тука говорам за отворање на преку 20 спортско рекреативни центри, унапредување на условите во образованието, отворање на кино, на библиотека-нешта што ги немаа 30 години, зборувам за одлични музички концерти на кои реално, најбројна публика се младите, зборувам за изложби, за збогатување на културната понуда со бројни содржини. Едновремено, начинот на водење на општината-транспарентно, чесно и според закон создаваат плодно тло за инвеститорите, што значи отворање на нови работни места и спречување на иселувањето на младите. Ова е начин на работа кој го трасиравме и по кој ќе се движиме и понатаму во сите наши следни чекори. За крај сакам да го честитам Меѓународниот ден на младите, кој што се одбележува токму денес, на 12-ти август и да порачам дека Општина Кисела Вода секогаш ќе биде пријател на младите-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Костовски: Нов модерен затворен базен во Бутел

Актуелниот градоначалник на Бутел и кандидат на локалните избори од ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Костовски им најави на граѓаните на Општината дека ќе добијат уште еден затворен базен во Бутел 1.
„Покрај затворениот базен кој се гради во дворот на ООУ „Ацо Шопов”, уште еден ќе се изради во дворот на ООУ „Св. Климент Охридски”.
Овој објект ќе биде симбол на она што претставува здрав живот за нашите деца.
Од моментот кога станав градоначалник на општина Бутел ветив дека грижата за нашите деца ќе биде мојот фокус.
На мое задоволство, покажавме дека со ефикасна работа и јасна визија можеме да го забрзаме развојот на спортската инфраструктура во нашата општина.
Пливањето како спорт има огромно значење за здравјето и развојот на младите генерации.
Со ова овозможуваме не само услови за развој на спортски таленти, туку и простор за рекреација и здрав живот за сите жители на општината.
Со силна динамика и посветеност ќе продолжиме да ги создаваме потребните услови за подобар живот и развој на граѓаните на општина Бутел“, вели Костовски.
Македонија
„Од 2.500 на 5.000 денари ја зголемуваме еднократната парична помош за пензионерите“, најави Герасимовски

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ и актуелен градоначалник Горан Герасимовски, информира дека од следната година еднократната парична помош за пензионерите се зголемува од 2.500 на 5.000 денари.
„Двојно ја зголемуваме еднократната парична помош, од 2.500 на 5.000 денари за пензионерите чии пензии се до висина на просечната пензија. Покрај тоа, го реализираме и нивното барање и ќе изградиме дом за стари лица во Центар. Нашите баби и дедовци заслужуваат да живеат посреќно, за Центар што го сакаме“, вели Герасимовски.
Тој, потенцира дека домот за стари лица е предвидено да се изгради на Водно и ќе има капацитет за 50 лица, по европски стандарди, со 24 часовна медицинска помош.
Герасимовски истакнува дека продолжуваат и бесплатните еднодневни екскурзии низ Македонија за да им се овозможи на сениорите дружење и рекреација.
Македонија
Делови од Центар и Аеродром денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 14:30 часот, корисниците од ул. Ѓорѓи Скрижевски (Општина Центар)
· од 08:30 до 14:30 часот, корисниците од дел од ул. Патрение Зографски, од раскрсницата со ул. Рилски Конгрес до раскрсницата со ул. Тодор Александров. (Општина Центар)
· од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од дел од с. Долно Лисиче. (Општина Аеродром)