Скопје
(Видео) Ако здравјето на граѓаните е загрозено, сите што помогнаа Скопје да се дави во ѓубре ќе добијат кривични пријави
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, тврди дека ако се покажат точни информациите дека иселеници примале плата од „Комунална хигиена“ – секој ќе си сноси одговорност. Тој е дециден: „Нема да имаме отстапка за ниту една ситуација, ова треба да биде санкционирано за да се стави крај“.
„Навистина, ниту Скопје ниту граѓаните не го заслужија ова што се случи изминативе денови. Еколошка катастрофа, која ги загрозува здравјето и животот на граѓаните. И без да навлегуваме во причините – ова е катастрофа. Најмалку сакам превирањата да влијаат врз животот на граѓаните. Ние вчера очекувавме и мислам дека денеска треба да биде доставен записникот од Инспекторатот за животна средина, Комуналниот инспекторат и од Инспекторите на Град Скопје за да ги видиме нивните наоди. Во координација сме со обвинител. Ако има елементи за кривично дело, за сите сторители што придонесоа главниот град да се дави во смет – можно е да бидат поднесени кривични пријави“, најави Спасовски.
Ако имало недоследности во работењето и биле злоупотребени буџетски средства – нема да имаме отстапка, ќе има одговорност, најави Спасовски. Рече и дека е поднесена кривичната пријава за насилство оти работници биле нападнати од други вработени во „Комунална хигиена“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Сопиште денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 09:00 до 12:00 часот дел од корисниците, на село Горно Соње, општина Сопиште.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради протестниот марш „Стоп за Цементара“
Утре, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи протестен марш „Стоп за Цементара“ со траса на движење од пред Влада на РСМ на булеварот „Илинден“, десно по булеварот „ВМРО“, во продолжение по улицата „Васил Главинов“, лево по улицата „Димитрие Чуповски“, во продолжение по улицата „11-ти Октомври“ до пред Собрание на РСМ и лево по улицата „Филип 2-ри Македонски“ до пред Министерство за животна средина во Скопје.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.
„Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници“, велат од МВР.

