Скопје
Акција за пошумување во општина Илинден „Зелена Општина Илинден“
Во општина Илинден на повеќе локации се спроведува голема акција за пошумување, во рамки на проектот „Зелена Општина Илинден“. Во рамки на акцијата која ќе трае во наредниот период ќе бидат засадени над 2000 садници од повеќе видови, а целта е да се придонесе за подобрување на квалитетот на воздухот, унапредување на животната средина, како и подобрување на условите за живеење.
Заедно со општествено одговорни компании, граѓани, ученици, јавните претпријатија, општинската администрација, се сади покрај пешачко-велосипедските патеки, покрај улици, патишта, училиштата, детската градинка, спортските терени, пределот на Ајватовски рид и други јавни површини.
На акцијата за пошумување присуствува и градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, кој истакна дека грижата за екологијата и здравата животна средина е обврска на секој од нас, па во таа насока во општина Илинден се почесто ќе се спроведуваат акции за пошумување.
„Со реализацијата на овој проект се залагаме за еколошки почиста општина, како и подигнување на еколошката свест. Заштитата и унапредувањето на животната средина претставува еден од приоритетите во работењето на локалната самоуправа“, велат од Општина Илинден.
Градоначалникот Георгиевски упати и голема благодарност до општествено одговорните компании ОКТА, ТАВ, Пекабеско, Дени Интернационал, НИКИ Инвест, МАН, Мулти Пром, Компанија Атанасовски, кои ја покажаа грижата за екологијата преку донирање на овие садници.
Заштитата и унапредувањето на животната средина претставува еден од приоритетите во работењето на локалната самоуправа, додаваат оттаму.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
(Фото) Кисела Вода: Компјутери, принтери и телевизори за училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“
Набавени се компјутери, принтери и телевизори за основните училишта „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода, како дел од континуираните активности за унапредување и модернизација на наставниот процес, извести Општината.

„Во периодот кога учениците се на зимски распуст, во училиштата се врши опремување со нова информатичка опрема, со цел второто полугодие учениците да го започнат со поквалитетна настава и полесен пристап до дигитални содржини.

Со оваа инвестиција, општина Кисела Вода уште еднаш ја потврдува својата определба за дигитализација на образованието и создавање современи услови за учење, во чекор со новите образовни стандарди и потребите на учениците“, соопштуваат од Општината.

– Нашата цел е децата да учат во современи и опремени училишта, каде што ќе имаат можност да стекнуваат знаења и дигитални вештини неопходни за нивниот понатамошен развој. Компјутерите, принтерите и телевизорите кои ги обезбедивме во училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ се уште еден конкретен чекор во таа насока, а учениците по зимскиот распуст ќе бидат пречекани со значително подобри услови за настава, изјави градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.




