Скопје
Андоновски: Советниците на Арсовска и од СДСМ не поддржаа амандман за ребаланс на буџетот за зголемување на средствата за финансирање спорт и млади
Знаеме дека формални и неформални претставници на Град Скопје на многубројни клубови во градот им ветуваат определени финансиски средства. Тие финансиски средства во голема мера ги надминуваат финансиските средства што се определени од страна на Градот во овој ребаланс. Во овој ребаланс се определени само 20 милиони денари за оваа намена и поради тоа сметавме дека е опортуно за да се испорачаат овие ветувања, кои претставниците, формални и неформални на Град Скопје, ги им даваат на спортските клубови, па затоа сметав дека е потребно да се зголеми сумата. И сега немаше да реагирам ако секретарот на Градот не застанеше овде и не продолжеше да изнесува невистини и да лаже затоа што вели дека нема да може да функционира Градот затоа што, замислете, сме скратиле 12 милиони денари од привремени вработувања, вели Стефан Андоновски, советник во Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ по неизгласување на амандманот за зголемување на средствата за финансии на спорт и млади.
Андоновски рече дека не е јасно како на два месеца пред истекот на годината Град Скопје ја зголемува ставката за привремени вработувања.
Сега во октомври им текна дека им требаат 20 милиони денари повеќе за привремени вработувања и од 12 милиони денари ги предвиделе на 27 милиони денари. Значи, уште една армија вработувања од октомври до декември. Ако навистина било потребно, овие 27 милиони денари ќе биле предвидени на 1 јануари за цела година. Ама не било потребно, туку сега во октомври, на два месеца пред крајот на годината, нови 12 милиони денари се многу потребни за привремени вработувања. Кои се овие толку круцијални привремени вработувања за Градот што не смее да се помести ниту еден денар од овие финансии?, праша Андоновски.
Андоновски потенцира дека доколку се поддржеше амандманот средствата за финансирање спорт ќе беа 32 милиона евра, како и дека не е во ред формални и неформални претставници од Град Скопје да им ветуваат на одреден спортски клуб дека ќе добие 20 милиони денари кога вкупната сума за спорт е 20 милиони денари.
Затоа целта ми беше не да ја политизираме, на овој начин ги удвојуваме средствата за спорт и на истиот повик што ќе го распишете за веќе планираните средства, само ќе ја зголемете бројката и ќе можете да финансирате повеќе спортски клубови и во позначителна мера онака како што вашите формални и неформални претставници на градоначалникот се шетаат во градот и ветуваат. Затоа што е сериозно да им ветувате на спортски клубови 20 милиони денари, а вас вкупната сума за спорт да ви биде 20 милиони денари, вака вкупната сума за спорт се зголемува и ќе изнесува 32 милиона денари и на овој начин навистина значително ќе можеме да им помогнеме на спортските клубови, додаде Андоновски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општина Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман улица 5, општина Ѓорче Петров.
Македонија
10.000 денари субвенција за млади возачи за првпат во Ѓорче Петров
Општина Ѓорче Петров воведува субвенција од 10.000 денари за дел од трошоците за полагање возачки испит – Б категорија, наменета за млади лица на возраст од 18 до 25 години.
Станува збор за мерка што за првпат се реализира во општината и обезбедува директна финансиска поддршка во период кога трошоците за обука и полагање претставуваат значаен товар за семејниот буџет, со цел да се олесни пристапот до мобилност, да се поттикне самостојноста кај младите и да се создадат подобри можности за вработување, велат од Општината.
Градоначалникот Александар Стојкоски истакна дека општина Ѓорче Петров продолжува со мерки што носат практична и видлива поддршка за младите, со фокус на нивниот развој, нови можности и нивно задржување во локалната заедница.
Тој нагласи дека, покрај оваа мерка, Општина Ѓорче Петров има најавено и концепт за нова станбена населба наменета за млади, во рамки на која се предвидуваат мерки за олеснување на трошоците преку субвенционирање на дел од комуналните давачки. Целта е младите лица и младите семејства да добијат реална поддршка да ја градат својата иднина токму во Ѓорче Петров.
„Со вакви конкретни чекори, Општина Ѓорче Петров продолжува да развива политики што имаат директен ефект врз секојдневието на младите и создаваат услови за нивна поголема сигурност и стабилност.
Деталите околу условите и начинот на аплицирање ќе бидат дополнително објавени“, додаваат од Општината.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.

