Скопје
Без вода Бутел и Карпош
Согласно добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, ги известува граѓаните дека денеска поради планирани зафати во водоводната мрежа без вода делови од општините Бутел и Карпош.
· поради реконструкција на водоводна мрежа ф-110 мм на ул. 7/бб во Љубанци , прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Љубанци, односно ул. 1 и ул.7. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со работните активности.(општина Бутел)
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа ф-80 мм на ул. Струшка 7, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на ул. Струшка и дел од ул. Јуриј Гагарин .Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:30 часот до завршување со работните активности.(општина Карпош)
· поради дефект на огрлица на ул. Миле Попјорданов 2, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.(општина Карпош)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Ѓорѓиевски додели ваучери за летување за победниците на општинската лига во футсал од Основното училиште „Круме Кепески”
Екипата од ООУ „Круме Кепески“, која е победник на општинската лига во футсал бесплатно ќе летува во Охрид, како награда од општина Кисела Вода. Градоначалникот Орца Ѓорѓиевски денес им честиташе на младите спортисти, им го врачи ваучерот и им посака уште многу понатамошни успеси.
„Сакам да ви честитам, пред се’, за покажаната одлична игра, за цврстиот карактер и посветеноста без кои ваквиот успех немаше да биде можен. Наградата која ви ја обезбедува Општина Кисела Вода е само поттик за нови добри резултати за кои сум сигурен дека ќе ги постигнете. Вистинската награда е она што вие веќе сте го избрале како патека, вложувајќи во себе, градејќи се во силни личности кои во иднина ќе ја градат нашата држава. Од Кисела Вода имало и има многу спортски легенди и ваша задача е да го дадете својот максимум и да ни обезбедите тим за кој во иднина ќе навиваме и на кој ќе бидеме горди како нација“, истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Тој разговараше и со тренерот на тимот, наставникот по физичко воспитување Игор Зафировски кој го информираше дека оваа екипа сочинета од осмо и деветтоодделенци веќе им помага на новите таленти од училиштето од пониските одделенија. Го искажа своето задоволство од начинот на кој се однесуваат на теренот и надвор од него и потенцираше дека во нив гледа многу идни успешни спортисти. Благодарност за поддршката од општина Кисела Вода и од покажаните резултати изрази и помошник тренерот, наставникот Горан Андоноски.
На настанот, присуствуваше и претседателот на Општинскиот сојуз за училишен спорт на општина Кисела Вода, м-р Дејан Стоимановски, како и членот на управниот одбор д-р Благоја Кечовски. Со градоначалникот разговараше и капитенот на тимот Матеј Ивановски кој во име на тимот му се заблагодари за наградата и кажа дека успехот се должи на сплотеноста на играчите и дека се надева дека и наредната година ќе имаат одлични резултати, извести општината.
Скопје
Без струја делови од Центар и Аеродром
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, соопштува дека поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 – 13:00 часот, корисниците од ул.Самоилова. (Општина Центар)
· од 11:00 – 13:00 часот, корисниците од дел од Булевар Кочо Рацин околу училиштето Раде Јовчевски Корчагин. (Општина Центар)
· од 09:00 – 11:00 часот, корисниците од ул. Св. Кирил и Методиј, кулите спроти ТС Рамстор (Општина Центар)
од 09:00 – 13:00 часот, корисниците од дел од ул.Гаврил Константиновиќ. (Општина Аеродром)
Скопје
Ѓорѓиевски: „Вардар” мора да постои – обезбедена поддршка за баражот
За ФК „Вардар“ пред најважниот натпревар оваа сезона, е обезбедена финансиска поддршка од градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски. На денешниот тренинг на тимот тој лично на „Вардар“, Вардарци и Комити им даде збор дека за многу брзо време работите ќе се променат на подобро, и „Вардар“ никогаш повеќе нема да биде во оваа ситуација.
– „Вардар“ е душата на Скопје и како еден од нив, ќе го дадам и последниот атом од мене за да се одржи клубот. Како и во минатото, така и сега во пресрет на баражот во недела, обезбедени се финансиски средства за да опстои нашата гордост. „Вардар“, Вардарци и Комити не се оставени сами на себе. Мојата подадена рака ќе стои секогаш тука за нив. И да, ќе одиме на врвот – таму каде што припаѓаме! А во една блиска иднина, за многу брзо време кога работите ќе се променат на подобро, „Вардар“ никогаш повеќе нема да биде во оваа ситуација. Го имате мојот збор!
Се гледаме во недела, во 17 часот на стадионот во Струмица. ФК ВАРДАР : ФК ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА! За Вардар, за нашето славно минато и блескава иднина, истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, кој и минатата година, пред историскиот натпревар со Кавадарци му обезбеди финансиска поткрепа на спортската гордост на Скопје, „Вардар“.