Македонија
Без струја делови од Скопје
Од „ЕВН Македонија“ АД известуваат дека денеска делови од Скопје одреден временски период ќе останат без електрична енергија.
· во периодот од 8.30 до 12 часот корисниците на дел од ул. 1520 во населбата Пинтија (општина Кисела Вода);
· во периодот од 8.45 до 10 часот корисниците на дел од селата Горно, Средно и Долно Коњари, Сушица, Живиње, Дивље, Чифлик (општина Петровец);
· во периодот од 8 до 15.30 часот корисниците на дел од с. Ракотинци (општина Сопиште);
· во периодот од 8 до 14 часот корисниците на дел од ул. 3, ул. 11 во с. Кадино (општина Илинден);
· во периодот од 10 до 13 часот корисниците на дел од објектите на асфалтната база „Гранит“ и ЈКП „Водовод“ во населбата Карпош 4, на булеварот Илинден (општина Карпош).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Дел од Аеродром и Чучер Сандево без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од ул. Богомиски Поход. ( општина Аеродром )
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од село Мирковци. ( општина Чучер Сандево )
Македонија
Времето денес магливо и студено
Времето денес по котлините во поголем дел од денот ќе биде магливо и постудено.
Во останатите подрачја ќе биде сончево со умерена облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 4, а максималната ќе достигне од 7 до 15 степени. Во местата со магла максималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6 степени.
Во Скопје во поголем дел од денот ќе биде магливо и тивко. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 6 степени, јавува УХМР.
Во следните денови продолжува периодот на стабилно и релативно топло време, особено на повисоките места и на планините, поради што снежната покривка и понатаму ќе се намалува.
По котлините ќе биде магливо и постудено, особено во претпладневните часови.
Македонија
Нема пари за плати, нема лекови а власта запнала авион за функционери да купува, велат од СДСМ
Во државата нема лекови, власта вели дека нема пари за плати за работниците, нема пари за поголема минимална плата а запнала авион за функционерите да купува со пари на граѓаните, реагираат од СДСМ.
„Во горда Македонија на Мицкоски нема пари за работниците и нема лекови- има само за луксузните патувања на владините функционери. Баш му е гајле на Мицкоски за животниот стандард на народот, за тоа што нема лекови на Онкологија. Ветувањата за скромност пред изборите ДПМНЕ ги замени со аздисаност и луксуз за функционерите. Мицкоски си игра мајтап со тие што го плаќаат, граѓаните“.
Ова, според нив, ја покажува ароганцијата и потценувањето на граѓаните но и начинот на којшто ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ќе се однесуваат, душмански со парите на граѓаните, за сопствени луксузирања.
СДСМ како што додаваат, е против и заедно со граѓаните ќе се спротивстави на овие расипнички и погрешни политики на ДПМНЕ.