Скопје
Без струја и вода неколку скопски општини
Поради планирани прекини во електродистрибутивната мрежа без електрична енергија утре ќе бидат делови од општините Центар, Петровец, Чучер Сандево и Аеродром.
Според Регионалниот центар за управување со кризи, кој се повикува на информација од ЕВН, од 9 до 12 часот без струја ќе бидат жителите од улиците „Рилски Конгрес“, „Кајларска“, „Банско“, „Наум Охридски“ и „Востаничка“ во општина Центар.
Од 08:30 до 14:30 часот без струја ќе останат дел од Катланово, селото Брезница и селото Летевци во општина Петровец, а од 09 до 16 часот корисниците од населените места Кучевиште, Мирковци, Побожје, Бродец, Малино и Танушевци.
Без струја од 08:30 до 15 часот ќе бидат корисниците од улиците Ѓорге Андреевиќ,-Кун, Благоја Мучето, Димитар Благоев, Дете Татуличе, Тодор Чангов, Божидар Рајковиќ и дел од бул.12-та Македонска Бригада во општина Аеродром.
Од ЈП Водовод и канализација, пак, информираат дека поради дефект на приклучна цевка на улицата „Прашка 42“ во општина Карпош, од 9 часот прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санација на дефектот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Општина Кисела Вода и Факултетот за физичко образование почнуваат соработка: обука за наставниците за работа со деца со посебни потреби
Градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска, оствари средба со проф. д-р Влатко Неделковски, декан на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје. На овој работен состанок, соговорниците дискутираа за унапредување на можностите и квалитетот на наставата по физичко образование во основните училишта, како и за важноста на нејзината инклузивност.
Средбата претставува почеток на институционална соработка меѓу општина Кисела Вода и Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, насочена кон поддршка на наставниците, промоција на здрави навики и создавање инклузивна средина во спортот и образованието. Како прв заеднички чекор, постигнат е договор наставниците по физичко образование од основните училишта во Општина Кисела Вода да поминат обука за работа со деца со посебни потреби, која ќе започне во декември, известува Општината.

Оваа обука има за цел да обезбеди пристапност, разбирање и соодветен пристап кон секое дете, со што ќе се придонесе кон еднакви можности и поголема интеграција во наставниот процес.

-Ми беше драго што се запознавме со активностите на факултетот и што заеднички можеме да направиме повеќе за здравјето и развојот на децата, особено на оние со попреченост. Со деканот, проф. д-р Неделковски, разговаравме и за други можности за соработка, кои ќе придонесат за зајакнување на спортот и физичката култура кај најмладите. Во фокусот на мојата работа како градоначалник ќе биде унапредувањето на спортската инфраструктура, но и подобрувањето на наставата по физичко образование, како и обезбедувањето еднакви можности за сите деца, без исклучок- изјави градоначалничката Стаменкоска-Трајкоска.
Македонија
Делови од Центар, Зелениково и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, дел од корисниците од улиците Самоилова и Јоаким Крчовски, како и објектот на Музејот на Современа Уметност, општина Центар;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од селата Зелениково, Ново Село, Страхојадица и Смесница, општина Зелениково;
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците лоцирани околу ул. Австралиска бр. 5 во населба Даме Груев, општина Ѓорче Петров.
Скопје
Градоначалничката на Кисела Вода почнува со приемни денови за граѓаните
Во насока на транспарентно и отчетно работење и со цел директна комуникација со жителите, градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска, од оваа сабота започнува со приемни денови за граѓаните.
Како што информира општината, на овој начин се воспоставува отворен и непосреден контакт со жителите, што ќе овозможи поефикасно решавање на нивните проблеми и унапредување на квалитетот на живот во општината.
Приемните денови ќе се одржуваат во просториите на Општина Кисела Вода. Заинтересираните граѓани можат да ја закажат средбата секој работен ден, од понеделник до петок, во периодот од 08:00 до 16:00 часот, на телефонскиот број 02/2785-401.
По пријавувањето, граѓаните ќе бидат дополнително известени за точното време на нивната средба.

