Скопје
Без струја повеќе делови од Скопје
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, известува дека поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, денеска без електрична енергија ќе останат следните корисници:
– од 8 до 15.30 часот дел од бул. Видое Смилевски – Бато (блокот спроти ПСС, згради бр. 1, 3, 5 и 9) (општина Аеродром);
– од 9 до 14 часот бул. Партизански одреди, зграда бр. 66 (општина Карпош);
– од 9 до 10 часот дел од ул. Лазар Димитров (од бр. 38 до бр. 45) и ул. Добромир Хрс (општина Кисела Вода);
од 9 до 13 часот ул. 3 во с. Горно Соње (општина Сопиште);
– од 9 до 15 часот корисниците од дел од с. Студеничани (од џамијата кон ОУ „Наим Фрашери“) (општинаСтуденичани);
– од 12 до 15 часот корисниците од дел од с. Морани (општина Студеничани).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Дел од неколку скопски населби без струја и вода
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, известува дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа без напојување со електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 11.00 часот, корисниците ул. Индустриска броеви од 4 до 27 ( општина Гази Баба )
– во периодот од 08:30 до 13:30 часот, корисниците од полициска станица „Бит Пазар“, ул. Војдан Чернодрински, ул. Алберт Станиќ, дел од ул. Исмаил Кадире, ОУ Јашар Бег- Скупи ( општина Чаир )
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известува дека поради изведување на водоводен приклучок Ф 150мм.на улица Никола Парапунов 16, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Никола Парапунов.(Општина Карпош)
Скопје
„Биди храбар Трајко“: Арсовска до Славески да ја постави точката за приватните превозници на дневен ред
Бидејќи Трајко Славевски никогаш не успеал да собере храброст самиот да донесе одлука, а овој пат бара поддршка од мене – ја има, извести градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска одговарајќи на објавата на претседателот на Советот на Град Скопје, Славески кој преку објава на социјалните мрежи напиша дека Арсовска е на потег во врска со случајот со приватните превозници.
„Го охрабрувам Трајко Славевски, како што и веќе на писмено му одговорив во текот на седницата на Советот со доставување на мислењето од моја страна кое го бараше, да ја стави точката на приватните превозници на дневен ред и заедно со останатите советници да ја разгледаат и да донесат одлука дали ќе ја поддржат и ќе прифатат зголемена цена за превоз на приватните превозници или не.
Биди храбар Трајко“, му порача Арсовска на Славески во напишаното.
Славески пак претходно најави дека приватните превозници преку член на Советот на Град Скопје бараат зголемување на цената на нивните услуги а дека предлогот е доставен до градоначалничката.
Скопје
Славески: Арсовска е на потег, приватните превозници бараат зголемување на цена на услуги преку член во Советот на Град Скопје
Предлогот за зголемување на цената за поминат километар на приватните превозници е пуштен на мислење до градоначалничката Данела Арсовска, ова го објави претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески.
„Приватните превозници преку член на Совет на Град Скопје бараат зголемување на цената на нивните услуги.
ПРИВАТИТЕ ПРЕВОЗНИЦИ ПРЕКУ ЧЛЕН НА СОВЕТ НА ГРАД СКОПЈЕ БАРААТ ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЦЕНАТА ЗА НИВНИТЕ УСЛУГИ
– НА ПОТЕГ Е ГРАДОНАЧАЛНИКОТ АРСОВСКА – pic.twitter.com/eDvd8DmyWC
— Trajko Slaveski (@TSlaveski) November 27, 2024
На потег е градоначалникот Арсовска“, обзнани Славески.
Тој според објавеното побарал од Арсовска да одговори дали се согласува со промена на условите во договорот кој има важност до мај следната година, но бара и конкретен птредлог за зголемување на цената со образчожение на кои параметри го темели предлогот.