Скопје
(Видео) Николова: Две години локална власт, Муцунски и ДПМНЕ ги изневерија граѓаните на Аеродром
„Поминаа 2 години, половина од мандатот од кога локална власт во Аеродром ја предводат Тимчо Муцунски и ДПМНЕ. Заклучокот за нивната работа е поразителен: ДПМНЕ ги изневери граѓаните. Нема проекти. Нема резултати. Безброј избори ветувања дадени пред граѓаните, безброј нереализирани проекти од изборната програма на градоначалникот“, рече Даниела Николова, пратеничка на СДСМ.
„Иако наследи полна општинска каса, сепак листата на нереализирани, а ветени проекти на ДПМНЕ и Тимчо Муцунски за Аеродром е многу долга. Ги нема 4-те нови градинки во населбите Мичурин, Острово, Лисиче и Долно Лисиче. Го нема ни долгонајавуваниот парк ‘Радост’ на 6.000 квадратни метри. Ги нема ниту новата гимназија, новиот мултифункционален центар со простории за младински центар, новата општинска зграда, како што ги нема и новиот СЦ ‘Пирин’ и спортската сала во Долно Лисиче. А ги нема ни киносалата и театарската сцена во Ново Лисиче. Исто така, го нема ниту ветениот музеј на МЗТ.
Муцунски вети зголемување на еднократната помош за новороденче од 8.000 на 20.000 денари, стипендии за млади таленти, но и тие се само дел од многуте ветени лаги, исто како што е и лагата легализација на сите објекти на територијата на општина Аеродром. Многу ветувања дадени пред изборите, резултати нула!
ДПМНЕ и Муцунски свесно ги лажеа граѓаните на општина Аеродром и ја изневерија нивната доверба пред 2 години“, изјави Даниела Николова, пратеничка на СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата
Македонија
Казни за четири градилишта во Центар, нулта толеранција за прекршување на прописите, порача Герасимовски
Четири градилишта во општина Центар се казнети поради незаконско зафаќање јавни површини со градежен шут и материјал што претставува опасност за движењето на пешаците и одвивањето на сообраќајот, извести Општината.
Во рамки на редовните инспекциски контроли, општинските инспектори изготвија записници и издадоа прекршочни налози за градилишта на улиците „Златко Шнајдер“, „9 Мај“, „Дебарца“ и „Васил Стефановски“, информираат од општина Центар.

Паричните санкции за овие прекршоци изнесуваат од 1.300 до 1.800 евра.
Градоначалникот Горан Герасимовски порача дека надзорите продолжуваат со несмален интензитет.
„Редовно ја следиме состојбата на сите активни градилишта во Општина Центар. Нулта толеранција ќе има за сите што ги прекршуваат законите и го нарушуваат јавниот простор“, рече Герасимовски.

Инспекциските контроли на градилиштата продолжуваат како континуирана мерка за одржување на чист и функционален урбан простор, додаваат од општина Центар.

