Скопје
(Видео) Храбри полицајци гаснеа пожар во Бутел и завршија во болница, Костовски најави награда
Двајца полицајци од полициската станица Бутел денеска покажаа вистински херојство откако ги ризикуваа свои животи за да помогнат во гасењето на пожар кој се закануваше на детска градинка и училиште во општината. Дарко Стајковски и приправникот Филип Стојчевски, при интервенцијата вдишале јаглерод моноксид, поради што се пренесени на Клиниката за токсикологија во Скопје.
За среќа, лекарите потврдуваат дека нивната здравствена состојба е стабилна и дека се под постојан медицински надзор.
Градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски, ја поздрави нивната храброст и најави дека општината ќе ги награди.
„Секоја чест за Дарко и Филип! Ова е вистински пример за пожртвуваност и љубов кон заедницата. Благодарение на нивната брза реакција спречена е голема трагедија и спасени се животи. Општината Бутел ќе се погрижи нивниот чин да не остане незабележан“, изјави Костовски.
Во гаснењето на пожарот учествуваа и други екипи, за кои градоначалникот додаде дека исто така ќе бидат соодветно наградени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)
Македонија
Без вода дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради водоводен приклучок од ф – 80 мм на улицата Ристо Равановски бр. 8, без вода ќе останат корисниците од улицата Ристо Равановски во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата.
Македонија
Санкционирани 𝟣𝟥𝟦 непрописно паркирани возила на територија на општина Центар
ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 17.11. до 23.11.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 134 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, известува ПОЦ.
„За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ и СВР Скопје во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот“, соопштува ПОЦ.

