Македонија
„Вкуси ја Гази Баба“ – музика и храна утре на плоштадот во Автокоманда

Манифестацијата „Вкуси ја Гази Баба – Вкус за сите генерации“ ќе се одржи утре, 25 октомври, на плоштадот во Автокоманда, од 15 до 23 часот. Настанот, кој се реализира втора година по ред, ќе го отвори градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски.
Од Општината велат дека целта на настанот е компаниите што се на територијата на општината да ги изложат своите производи и да се доближат до граѓаните. Најавено е дека готвачот Марк де Јонг заедно со уште неколку негови колеги ќе подготвува храна.
Настанот ќе биде со богата музичка програма, која ќе почне со диџеј Боби од „Сити радио“ по што ќе следуваат настапи на „Златно славејче“, „Екстра бенд“, Александар Митевски и Драган Спасов – Дац, Влатко Лозаноски и „Брас брадрс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Државата ќе плаќа за кратење желудник на прекумерно дебелите, а операцијата ќе се прави кај нас место во странство

Место во странство, 40 пациенти со прекумерна дебелина ќе може да направат операција за намалување на тежината кај нас, а трошокот ќе го покрие Фондот за здравствено осигурување. Клиниката за дигестивна хирургија е подготвена до крајот на месецот или на почетокот на следниот да почне со операции. За операција ќе бидат издвоени пациенти што веќе лекуваат дебелина во центрите за дебелина кај нас, но фармаколошкиот начин на лекување и промената на животниот стил не дале резултат. Огнен Костовски, директор на Клиниката за дигестивна хирургија, е благодарен што процедурите што ќе ги изведуваат се препознаени како процедури за отстранување заболувања, а не естетски, оти дебелината е болест.
„Имаме буџет за 30 пациенти, кои би биле за хируршко лекување, и 10 за експандирачка капсула. Кон крајот на овој месец или следниот би можел да најавам дека би почнале првите интервенции кои би биле на товар на Фондот за здравство. Сите пациенти би биле регрутирани преку центрите за дебелина. Тоа ќе бидат оние пациенти кај кои конзевативниот третман не дал резултат. Хируршкиот тим е комплетно подготвен. Имаме соработка со два центри, двајца наши хирурзи беа на обука на Малта. Имаме сорабтока со центарот за минимално инвазивна хирургија во Ниш. Првите интервенции на некој начин, пластично кажано, ќе бидат и со странска рака. Не дека ние го немаме искуството, вакви интервенции кај нас се вршени и претходно, со тоа што сега веќе ќе биде стандардизирање на процедурите“, вели Костовски и нагласува дека на ваков начин обезноста ќе се третира и кај нас како што се третира во светски рамки.
За намалување на проблемите со прекумерна дебелина, директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, вели дека треба да почне да се работи во училиштата.
„Сметам дека мора да направиме исчекор во забрана на џанк-храна во школските згради и во школските дворови. Џанк-храна за мене се шеќерни производи, чипс и газирани производи со многу шеќер. Да се обидеме ужините и храната во училиштата, бидејќи тоа е времето кога се стекнуваат прехранбени навики, да имаат што повеќе свежи продукти и сè повеќе да говориме за проблемот бидејќи лесен пат нема“, рече директорот Клековски за кого на дебелината веќе не се гледа како на естетски проблем, туку здравствен.
Танер Хасан, директорот на Клиниката за ендокринологија, денес, на одбележувањето на Светскиот ден на обезност, рече дека за една и пол година, колку што постои Центарот за обезност во рамките на Клиниката, се направени речиси 2.000 прегледи, а во истиот центар во ГОБ „8 Септември“ има приближно 1.500 прегледи. Тој најави дека до мај ќе биде отворен центар за дебелина во Прилеп, а неопходно е да се отворат исти центри и во другите делови на внатрешноста на земјата.
Македонија
Тошковски од Будимпешта: Засилена соработка со Унгарија во надградба на капацитетите на македонската полиција

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска се обрати на втората заедничка седница на владите на Македонија и нашиот голем пријател Унгарија на која потенцираше дека веќе се реализираат плановите и заклучоците донесени на првата заедничка седница која се одржа во Охрид минатата година.
„Врз основа на потпишаниот меморандум за соработка на Центарот за обука на МВР и унгарското полициско училиште очекуваме интензивна соработка во обуката на полициските службеници и планираме таа иницијатива да прерасне во Регионална асоцијација на центри за обука која ќе претставува темел на современото полициско работење и професионализација на полициите од регионот.На билатералната средба со министерот Пинтер договоривме набрзо потпишување на меморандум за соработка во делокруг на заеднички обуки на единиците за посебни полициски операции и борба против тероризмот како и полициските единици задолжени за обезбедување на личности и објекти. Меморандумот очекуваме да го потпишеме во втората половина на 2025 година“, истакна Тошковски.
Во рамките на посетата, утрово, министерот Тошковски одржа состанок со заменикот министер за надворешни работи и трговија на Унгарија, Маѓар Левенте во присуство на дел од унгарската бизнис заедница каде се разгледуваа конкретни иницијативи и планови за унапредување на економската соработка.
Тошковски нагласи дека светот влегува во нов поредок со предизвици кон суверенитетот и интегритетот на нациите, предизвици во функционирањето на човековите права и слободи што уште повеќе ја засилува потребата од соработка, меѓусебно разбирање и помош да останеме свои на своето.
Македонија
Средба Муцунски – Магјар: во фокус на разговорите одличната трговска соработка меѓу Македонија и Унгарија

Утрово, во рамки на работната посета на Будимпешта, министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, оствари средба со г. Левенте Магјар, државен секретар за парламентарни работи и заменик-министер во Министерството за надворешни работи и трговија на Унгарија.
Во фокусот на разговорите беа тридецениското пријателство и напредокот на севкупните билатерални односи меѓу двете земји, одличната трговска соработка, како и перспективите и предизвиците на процесот на европска интеграција.
Министерот Муцунски и државниот секретар Магјар разговараа за унапредување на билатералната соработка, со посебен акцент на надворешната трговија и економските можности, при што беше истакната посветеноста за продлабочување на соработката во областите од заеднички интерес.