Скопје
ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата водат политика на инает, одлучија да ги остават граѓаните на улица да чекаат стари автобуси по еден час, велат од Град Скопје
Денес ВМРО-ДПМНЕ и нивната коалиција во Советот на град Скопје докажаа дека единствена политика која ја водат е политиката на инает со граѓаните на градот Скопје. ВМРО-ДПМНЕ ниту прифаќа предлози за набавка на автобуси, ниту пак предлагаат решение, истакнуваат од Град Скопје.
Наместо предлог, како што додаваат, ВМРО-ДПМНЕ и нивната коалиција одлучија да ги остават граѓаните на улица да чекаат стари автобуси по еден час, на плус 40 и на минусни температури.
– Побаравте наместо од задолжување автобуси да се набават од сопствено финансирање, сега барате и конкретен извор. Ви дадовме можност да одберете банка, да изготвите спецификација, да оформите комисија и слично, сѐ да направите вие, а јас само да ја потпишам таа јавна набавка. За да повеќе нема оправдувања, јас од оваа говорница нема да се тргнам сѐ додека не кажете каква одлука сакате, ќе ги прифатам сите амандмани, подготвени сме да направиме и ребаланс на Буџетот, за да гласате. Тоа е единствениот начин денеска да знаеме кој сака да се реши проблемот со јавниот превоз во Град Скопје, а кој не – рече Арсовска од говорницата во Советот на град Скопје.
– Скопјани ова не го заслужуваат, пред вас имате предлог-одлуки и програми кои не се гласаат веќе осми месец, а никој нема забелешки за нив. Ако има забелешка се дава амандман, кажете што не чини за да се корегира. Ќе седиме 24 часа тука, ќе работиме и ќе ја завршиме документацијата онака како што на вас ви одговара, додаде Арсовска.
– Средствата за паушалот за советниците се зголемил од 500 на 600 евра, значи денеска за да дојдете и гласате тука земате 600 евра. Имате мнозинство, очигледно е тоа, а денеска би сакала да покажете пред граѓаните, затоа што убаво ве замоли вашиот претседател на партијата да гласате!
Сите ќе седиме тука за да ни кажете забелешки, да донесеме и ребаланс ако треба и оваа одлука да се промени како што вие сакате за да ја гласате и да видат граѓаните кој е тука за да им ги реши проблемите, а кој е тука за да прави проблеми, истакна Арсовска.
Срамот е на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која го формира мнозинството во Советот на град Скопје. Граѓаните од денес се сигурни и знаат дека чекаат автобуси на горештини и во студ бидејќи ВМРО-ДПМНЕ не гласа за нови автобуси бидејќи се подготвени да ги жртвуваат здравјето и животот на граѓаните за политички поени, стои во соопштението од Град Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општина Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман улица 5, општина Ѓорче Петров.
Македонија
10.000 денари субвенција за млади возачи за првпат во Ѓорче Петров
Општина Ѓорче Петров воведува субвенција од 10.000 денари за дел од трошоците за полагање возачки испит – Б категорија, наменета за млади лица на возраст од 18 до 25 години.
Станува збор за мерка што за првпат се реализира во општината и обезбедува директна финансиска поддршка во период кога трошоците за обука и полагање претставуваат значаен товар за семејниот буџет, со цел да се олесни пристапот до мобилност, да се поттикне самостојноста кај младите и да се создадат подобри можности за вработување, велат од Општината.
Градоначалникот Александар Стојкоски истакна дека општина Ѓорче Петров продолжува со мерки што носат практична и видлива поддршка за младите, со фокус на нивниот развој, нови можности и нивно задржување во локалната заедница.
Тој нагласи дека, покрај оваа мерка, Општина Ѓорче Петров има најавено и концепт за нова станбена населба наменета за млади, во рамки на која се предвидуваат мерки за олеснување на трошоците преку субвенционирање на дел од комуналните давачки. Целта е младите лица и младите семејства да добијат реална поддршка да ја градат својата иднина токму во Ѓорче Петров.
„Со вакви конкретни чекори, Општина Ѓорче Петров продолжува да развива политики што имаат директен ефект врз секојдневието на младите и создаваат услови за нивна поголема сигурност и стабилност.
Деталите околу условите и начинот на аплицирање ќе бидат дополнително објавени“, додаваат од Општината.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.

