Скопје
Во општина Ѓорче Петров се отвора нов центар за поддршка на учењето на деца со попреченост
На мое големо задоволство, остварив средба со директорката на ОУРЦ ,,Златан Сремец” Марија Делетиќ и одговорниот координатор за образовни асистенти Маја Трајчова, со кои имавме навистина исцрпна дискусија во однос на потребите за поддршка на учениците со попреченост од општинските основни училишта на територија на општина Ѓорче Петров, истакна Стојкоски.
На средбата беше договорено од наредната учебна 2024-25 година во заедничка соработка да отпочне со работа Центар за поддршка на учењето на учениците со попреченост кој што ќе биде лоциран во ООУ “Димитар Поп Георгиев Беровски”, додава Стојкоски.
Центарот за поддршка ќе ги користи материјалните и човечките ресурси од ресурсниот центар и ќе дава соодветна стручна поддршка на учениците со попреченост, на наставниот кадар, стручните соработници, родителите, односно старателите и инклузивниот тим во основните училишта на подрачјето на општината.
Општина Ѓорче Петров има слух за проблемите на оваа категорија на граѓани и со задоволство ќе направиме се што е во наша моќ, да бидеме од голема помош во процесот на социјализација на овие дечиња, заврши Стојкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денеска посебен режим на сообраќај во Скопје
Денеска со почеток од 11:00 часот од страна на Сојузот на синдикати на Македонија ќе биде одржан протест пред Владата на булеварот „Илинден“ и булеварот „Свети Климент Охридски“ и доколку се појави потреба од пренасочување, сообраќајот ќе биде пренасочен по околните сообраќајници.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на Град Скопје.
„Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници“, велат од МВР.
Македонија
Делови од Илинден, Ѓорче Петров и Кисела Вода денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 13:00 часот дел од улицата 19 во населба Илинден, oпштина Илинден;
· во периодот од 08:30 до 14:00 часот дел од корисниците во населба Волково, поточно улиците: 95, 100, 101, 102 и 103, општина Ѓорче Петров;
· во периодот од 08:30 до 14:30 часот дел од корисниците на улицата Јустинијан Први во село Драчево, поточно делот од Маркет – Вајота кон село Студеничани, општина Кисела Вода;
· во периодот од 09:00 до 14:00 часот дел од улицата Герника, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-125мм на улицата Светозар Марковиќ бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Светозар Марковиќ и дел од булеварот Кочо Рацин, вклучително и објектот на Веро Џамбо, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

