Скопје
Герасимовски во ОУ „Св. Кирил и Методиј”: Одлични реакции од родителите и педагозите за забраната за мобилни телефони на час
Градоначалникот Горан Герасимовски денеска, по повод Меѓународниот ден на образованието беше во посета на ООУ Св. Кирил и Методиј, каде што веќе две години учениците не користат мобилни телефони за време на настан. Оваа пракса, неодамна беше прифатена и од останатите седум основни училишта на територија на Општина Центар.
Герасимовски, потенцира дека со донесените препораки за забрана за користење мобилни телефони за време на наставата учениците целосно ќе се посветат на учењето и ќе се подобри квалитетот на образовниот процес.
„Донесовме корисни препораки со кои ќе обезбедиме подобри услови во учењето и ќе придонесеме за развој на позитивна училишна атмосфера. Со оваа мерка, учениците ќе можат целосно да се посветат на учењето. Со редуцирање на употребата на мобилните телефони за време на часовите, учениците ќе се научат на важноста на личната дисциплина и ќе имаат поголема социјализација со своите врсници. Ме радува тоа што добиваме позитивни коментари од родителите за мерките и што сите основни училишта во Центар ги прифатија препораките кои значат зајакнување на наставниот процес, заеднички продолжуваме да ги менуваме состојбите на подобро“ вели Герасимовски.
Препораките за забрана на користење на мобилните телефони се прифатени и во образовниот процес во дел од европските земји.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Претседателот на Албанија во тридневна посета на Македонија, посебен режим на сообраќајот во Скопје
В четврток, петок и сабота, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува Бајрам Бегај, претседател на Република Албанија.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на градот Скопје.
СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и упатствата што ќе ги даваат униформираните полициски службеници, со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.
Македонија
Вчера за првпат откако функциниора „Безбеден град“ не е регистрирано ниту едно минување на црвено светло
Првпат откако функциниора системот „Безбеден град“, на 24.02.2026 не е регистриран ниту еден прекршок за минување на затворен семафор – црвено светло. На подрачјата на градовите и коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно 526 прекршоци, од кои 84 се сторени од возачи кои управувале возило со странски регистарски таблички, извести МВР.
За управување на возило со брзина поголема од дозволената регистрирани се 504 прекршоци и 22 за управување со возило со измината важност на сообраќајната дозвола. Исто така, изречени се вкупно 17 мерки „забрана за управување со возило“ – сите за управување возило со поголема брзина од дозволената, од кои 13 за брзина поголема од 80 км на час во населено место и четири мерки за брзина поголема од 10 км на час сопствено ограничување на возило.
Во рамки на предвиденото дозволено отстапување во брзината на движење толерирани се 3.336 возачи, соопшти МВР.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.

