Контакт

Скопје

Герасимовски: Досега доделени 376 субвенции за велосипеди, во тек е нов повик

Објавено пред

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, информира дека во тек е јавниот повик за доделување на поединечни субвенции за купување велосипеди, е-велосипеди, е-тротинети и дополнителна опрема. Герасимовски, потенцира дека од 2022 година досега доделени се вкупно 376 субвенции за велосипеди. 

dobivaj vesti na viber

„Го поттикнуваме користењето на алтернативни и еколошки превозни средства. Од 2022 година досега, доделивме 376 субвенции за велоспеди, 47 субвенции за е-велосипеди и е-тротинети, како и 7 субвенции за дополнителна опрема. Ги повикувам центарци да се пријават на јавниот повик којшто е во тек, ајде заеднички да поддржиме одржлив транспорт и да го намалиме сообраќајниот метеж. Со повеќе велосипеди градиме поздрава и попријатна средина за сите нас. Овие субвенции се дел од нашите заложби за подобар квалитет на живот во централното градско подрачје“, вели Герасимовски.

Центарци можат да добијат субвенција од 30% од цената на превозното средство, но најмногу до 3.000 денари, како и субвенција за дополнителна опрема (детски седишта и кациги) до 1.000 денари. Повикот е отворен од 24 март, а барањата ќе се обработуваат по принципот „прв дојден, прв услужен“.

Правото на субвенција е еднократно, а жителите на Центар треба да поднесат барање со потребна документација: копија од лична карта, копија од трансакциска сметка и фискална сметка во оригинал и истата да ја достават во архивата на Општина Центар, барака бр.6, од 09.00 до 15.00 часот.

За повеќе информации, граѓаните можат да се обратат на телефонските броеви 02/3203-600 и 02/3203-693 или да ја посетат веб-страницата centar.gov.mkhttps://www.centar.gov.mk/?p=24738.

Македонија

„Финансиска поддршка за квалитетни проекти и активности“: Герасимовски упати јавен повик за граѓанските организации

Објавено пред

Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, упати повик до сите зруженија и фондации кои дејствуваат на територијата на општина Центар да се пријават за финансиска поддршка за 2026 година.

dobivaj vesti na viber

Средствата се наменети за поддршка на локалната заедница, со фокус на развојот на микро-бизнисите, програмите и проектите за млади, социјалните услуги, родовата еднаквост, заштитата на животната средина и образованието за возрасни.

Герасимовски посочи дека невладините организации се докажани партнери на општината, промотори на позитивни вредности и нови идеи.

„Ги повикувам сите здруженија и фондации што имаат добра идеја и квалитетен проект да се пријават на јавниот повик и да ја искористат можноста за финансиска поддршка“, порача градоначалникот Герасимовски.

Рокот за поднесување пријави и документација е 10 дена од денот на објавувањето на веб-страницата на Општина Центар.

Пријавите може да се достават преку пошта на адресата Општина Центар – Скопје, улица „Михаил Цоков“ бр. 1, или во Архивата на Општина Центар (барака 6) од 9 до 15 часот.

Повеќе информации за јавниот повик на: Јавни повици | Општина Центар

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Ѓорѓиевски: Додека градот спие, ние сме будни, грижата за граѓаните не познава пауза

Објавено пред

Заедно со дежурната зимска служба на Град Скопје, во текот на целата ноќ сме на терен, на улиците и булеварите под надлежност на градот, каде навремено посипуваме сол поради ниските температури, со посебен фокус на критичните точки, напиша на социјалните мрежи, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

dobivaj vesti na viber

„Додека градот спие, ние сме будни, бидејќи грижата за граѓаните не познава пауза, ниту пак временски услови“, додаде тој.

Прикажи повеќе...

Македонија

Без струја денеска дел од Бутел

Објавено пред

Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска е планиран прекин и тоа:

dobivaj vesti na viber

– во периодот од 09:00 до 10:30 часот, дел од потрошувачите на улицата Гемиџиска (првите куќи на почетокот од улицата) и деловните објекти на почетокот од ул.Ферид Бајрами каде се наоѓа предметниот објект. (општина Бутел)

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија14 минути

ФЗОМ воведе нови онлајн услуги за граѓаните: „Повеќе нема непотребно чекање на шалтери“

Министерството за дигитална трансформација и Фондот за здравствено осигурување објавија воведување нови електронски услуги од областа на здравственото осигурување и...

Македонија51 минута

Групација за производство на цигари: Предложениот закон за заштита од пушење сериозно ќе загрози значајни сегменти од индустријата, бизнис секторот и економијата

Групацијата за производство на цигари, која е дел од Здружението на производители на тутун и производи од тутун во рамките...

Свет58 минути

Ова се земјите што дојдоа да го формираат Одборот за мир на Трамп

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го претстави својот Одбор за мир. На церемонијата присуствуваа помалку од 20 земји, а меѓу...

Економија2 часа

РКЕ најави паметни броила – граѓаните од телефон ќе може да ја следат потрошувачката на струја

Задолжително тестирање на критичната инфраструктура, воведување на сет на меѓународни безбедносни правила, секоја енергетска компанија да подготвува одделен буџет во...

Македонија4 часа

Деспотовски: Доста ни е од лагите на сегашното раководство на СДСМ, барам јавно извинување

Јован Деспотовски побара јавно озвинување од СДСМ за упатените навреди кон него и вели дека единствен одговорен за незадоволство помеѓу...

Македонија4 часа

„Кога Венко на нареден прес ќе ја менува Богданка, добро е да одговори зошто би го рушеле преку Шилегов“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Околу внатрешните проблеми на СДС, кланот Дубаи, Венко и Заев, ВМРО-ДПМНЕ нема да се меша. Но, бидејќи СДС и Венко...

Свет5 часа

Руте: Не разговарав со Трамп дали Гренланд ќе остане под Данска

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, доцна синоќа изјави дека на состанокот со Доналд Трамп не било разговарано дали Гренланд...

Свет6 часа

(Видео) Републиканците бараат да им се суди на Бил и Хилари Клинтон за нивната поврзаност со Епштајн

Републиканскиот комитет на Претставничкиот дом на САД препорача поранешниот претседател Бил Клинтон и поранешната државна секретарка Хилари Клинтон да се...

Регион6 часа

Вучиќ: Отсега па натаму, историјата ќе се пишува поинаку

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ вчера, на маргините на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија, изјави дека е сигурно дека...

Свет6 часа

Откриено е што може да добие Трамп на Гренланд

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера објави дека постигнал рамковен договор со НАТО „во врска со Гренланд“, а според „Њујорк тајмс“,...

Свет6 часа

(Видео) Путин пресмета колку ќе чини Гренланд

Рускиот претседател Владимир Путин се обиде да ја дистанцира Москва од дебатата за Гренланд. „Што ќе се случи со Гренланд...

Македонија7 часа

Снег со слаб интензитет провејува во Струмица, Крушево и Ѓавато кој не се задржува на коловозот

АМСМ информира дека сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од...

Македонија7 часа

(Видео) Ѓорѓиевски: Додека градот спие, ние сме будни, грижата за граѓаните не познава пауза

Заедно со дежурната зимска служба на Град Скопје, во текот на целата ноќ сме на терен, на улиците и булеварите...

Свет16 часа

Трамп објави договор со НАТО за Гренланд и ги одложи царините за Европа

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека по состанокот со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, е формирана рамка за...

Македонија22 часа

Мицкоски на средба со сопственикот на компанијата „Фор-ај-џи“, ќе се инвестираат 100 милиони евра во развој на третиот мобилен оператор во Македонија

Премиерот, Христијан Мицкоски, во рамки на форумот во Даовс се сретна со сопственикот на компанијата „Фор-ај-џи (4iG)“, која ќе инвестира...

Македонија23 часа

(Видео) Филипче: Нема да го поддржиме законот за „Безбеден град“

Ние сме конструктивна опозиција, но не сме контролирана опозиција, посочи претседателот на СДСМ,  Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање,...

Македонија24 часа

Минчев најави реформа во администрацијата: Нема доживотни функции, нема недопирливи

Министерството за јавна администрација денес ја започна јавната дискусија по нацрт-верзијата на Законот за високи раководители во органите на државната...

Македонија1 ден

(Видео) Ѓорѓиевски: Скопје чисто и проодно, фрлени се 300 тони сол

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави видео од чисти улици и кажа дека се фрлени 300 тони сол. „Скопје,...

Македонија1 ден

Со новиот закон ќе биде забрането пушењето цигари пред игротеки и на места каде што се чека во редица за билети

Со новиот предлог-закон за заштита од пушењето е предвидено регулирање на пушењето на отворени јавни простори каде има присуство или...

Македонија1 ден

МВР предупредува: Не наседнувајте на лажни пораки во име на директорот на БЈБ и од Единицата за сајбер безбедност

Во МВР пристигнуваат пријави од граѓани за добиенa електронска порака наводно во име на директорот на Бирото за јавна безбедност...