Скопје
Герасимовски и жителите на општина Центар повикуваат на мобилизација за решавање на проблемот со гласната музика од „Интермецо“
Општина Центар дава целосна поддршка на петицијата потпишана од жителите што живеат во непосредна близина на клубот „Интермецо“ и другите локали лоцирани на „Народен фронт“. Станарите бараат ефективна интервениција на МВР и Државниот пазарен инспекторат и другите институции за да им се реши проблемот со гласната музика, нарушениот ред и мир, дивеењето и отежнатиот сообраќај на делот од улицата на која се наоѓаат угостителските објеки.
„Ние како Општина ги презедовме сите правни механизми што ни се достапни! Не помогнаа ни глобите ни казните. Овој проблем треба да се реши долгорочно, а за тоа се потребни и координација и притисоци од страна на сите надлежни институции“, вели Герасимовски.
Општина Центар петицијата ја проследи до МВР, Министерството за економија и труд, Министерство за животна средина и просторно планирање, Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за животна средина и побара да се одржи итна средба за решавање на проблемот на засегнатите станари.
На барање и поплаки на жителите за прекумерна бучава, Општина Центар во повеќе наврати го санкционира спорниот локал со глоби, опомени и забрани за вршење дејност.
Инспекциската служба на Општината и натаму ќе продолжи со санкционирање на сите угостителски објекти, кои не го почитуваат законот, но за долготраен успех потребна е соработка на сите надлежни институции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Ѓорѓиевски: Додека градот спие, ние сме будни, грижата за граѓаните не познава пауза
Заедно со дежурната зимска служба на Град Скопје, во текот на целата ноќ сме на терен, на улиците и булеварите под надлежност на градот, каде навремено посипуваме сол поради ниските температури, со посебен фокус на критичните точки, напиша на социјалните мрежи, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
„Додека градот спие, ние сме будни, бидејќи грижата за граѓаните не познава пауза, ниту пак временски услови“, додаде тој.
Македонија
Без струја денеска дел од Бутел
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска е планиран прекин и тоа:
– во периодот од 09:00 до 10:30 часот, дел од потрошувачите на улицата Гемиџиска (првите куќи на почетокот од улицата) и деловните објекти на почетокот од ул.Ферид Бајрами каде се наоѓа предметниот објект. (општина Бутел)
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради промена на шибер Ф-80мм на улицата Јани Лукровски бб испред Т.Ц во населба Автокоманда, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Јани Лукровски, општина Гази Баба.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до санирање на дефектот.

