Скопје
Герасимовски: Креирањето на буџетот со граѓаните носи подобри проекти и унапредување на животот во Центар
Општина Центар, в понеделник, на 18 декември, ја закажа втората сесија на буџетските форуми, на кои ќе бидат вклучени и граѓаните. Средбата ќе се одржи во ООУ „Киро Глигоров“ и ќе биде претставен и разгледан нацрт-буџетот на 2024 година и ќе бидат дискутирани проектите што граѓаните ги предложија на првата средба на буџетските форуми. Градоначалникот Горан Герасимовски вели дека Општина Центар го цени мислењето на граѓаните и затоа ги вклучува граѓаните во секоја реализација на креирањето политики во локалната самоуправа.
„Вклучувањето на граѓаните во креирањето на буџетот е од исклучително значење за развојот и унапредување на животот во Центар. Ние ќе се фокусираме на нивните барања според приоритети во рамките на можностите на буџетот. Затоа ги поздравувам проектите што ги предложија и ќе ги разгледаме со цел според нивната важност да ги вметнеме во буџетот в година. На втората и завршна сесија исто така сме отворени за нови предлози за конечно прецизирање на буџетот“, вели градоначалникот Герасимовски.
На буџетските форуми, покрај градоначалникот Герасимовски и граѓаните на Центар, свое учество ќе земат и раководителите на сите сектори на општинската администрација, кои ќе одговараат на прашањата на граѓаните во однос проектите што се предлагаат, како и советници во Советот на Општината. Одржувањето на граѓанските форуми Општина Центар го прави со цел заеднички да ги креира програмите и проектите што ќе го направат поквалитетен животот за сите граѓани што живеат во општината.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар и Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска имаат планирани два зафати во водоводната мрежа и тоа:
· поради уличен дефект на ул.Адам Мицкиевиќ бб (пред ОУ „Киро Глигоров“), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Адам Мицкиевиќ-вклучително и основното училиште, дел од Козара и дел од Васил Ѓорѓов, општина Центар. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
· поради уличен дефект ф-225м на ул.Отокар Кершовани бб , прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Отокар Кершовани,вклучително Амбуланта „Бит Пазар“, Петре Георгиев и Чаирска, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Ѓорѓиевски: Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси
Со одлука на Владата на Република Македонија, Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси, чекор што ќе го промени секојдневието на илјадници граѓани кои го користат јавниот превоз, извести градоначалникот Орце Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи.
„Како што истакна премиерот Христијан Мицкоски, на Град Скопје ќе му бидат доделени 100 автобуси и 50 полначи. Тоа значи безбеден, навремен и достоинствен јавен превоз, но и силен удар во корист на заштита на здравата животна средина и чистиот воздух, наш приоритет што го должиме на нашите деца и идните генерации.
Оваа одлука е дел од стратешкиот договор влада со влада помеѓу нашата и владата на Унгарија, што овозможува набавка по исклучително поволни услови“, напиша градоначалникот.
Македонија
(Фото) „Водовод“ отвори нов наплатен пункт во општина Ѓорче Петров
Јавното претпријатие Водовод и канализација – Скопје, известува, дека со цел да овозможи поголема достапност на услугите за своите корисници, отвори нов наплатен пункт во општина Ѓорче Петров. По тој повод, директорот на претпријатието, Иван Митровски, изврши увид во функционирањето и подготвеноста на новоотворениот наплатен пункт.

„Со отворањето на овој наплатен пункт, на корисниците им се овозможува плаќање на месечните сметки, проверка на состојбата на долгот за потрошена вода и пријавување на состојбата на водомерите.

Наплатниот пункт е лоциран во постоечкиот објект на ЈП Водовод и канализација -Скопје, на улица Ѓорче Петров, до Тинекс маркетот, и ќе работи секој работен ден од 07:30 до 15:00 часот“, соопшти „Водовод“.

Од таму информираат дека наплатниот пункт во Сарај е затворен.

