Скопје
Герасимовски: Паркинг-услугите на ЈП ПОЦ достапни и за корисниците на операторот МТЕЛ
Општина Центар ги известува корисниците на мобилниот оператор МТЕЛ дека паркинг услугите на општинското претпријатие ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ за брзо време ќе бидат достапни и за нив. Директорот на ЈП ПОЦ Душко Коцевски минатата недела потпиша договор со Марко Лопичиќ, директор на телекомуникациската компанија МТЕЛ преку кој ќе се овозможи наплата на паркинг услугите со СМС пораки на бројот 141414.
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски вели дека овој договор е показател за посветеноста на двете компании кон современи услуги за граѓаните.
„Договорот со кој ЈП ПОЦ го воведува мобилниот оператор МТЕЛ за наплата на паркинг со СМС ќе овозможи поголема флексибилност и ефикасност за корисниците на паркинг услугите на ЈП ПОЦ. Тоа исто така значи и воспоставување на долгорочно партнерство со компанијата. ЈП ПОЦ ја прави достапна оваа услуга за сите граѓани со цел да ги задоволи потребите на сите граѓани“, смета Герасимовски.
ЈП Паркинзи на Општина Центар во 2022 година ја прошири дејноста на претпријатието во комунална со тоа што ги префрли хигиеничарите со цел да ја подобри сликата со хигиената на јавниот простор. Неодамна Општина Центар извести и ги повика граѓаните да ја користат услугата која ја дава општинското претпријатие ЈП ПОЦ, а се однесува на косење на трева, реконструкција и санација на урбана опрема или собирање смет на Јавните површини под надлежност на Општина Центар на телефонскиот број 076350767.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
(Фото) Во текот на минатата недела отстранети 𝟨𝟣𝟧 кубни метри отпад од диви депонии
Во текот на изминатата недела, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа 615 кубни метри отпад од диви депонии на територијата на градот Скопје.

„Приближно 25 кубни метри непрописно одложен мешан комунален и кабаст отпад беа отстранети од улицата Џон Кенеди, во непосредна близина на ООУ „Васил Главинов“, каде што веќе подолг период е забележано континуирано одлагање отпад на јавни и сообраќајни површини.

Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје минатата недела изготви 21 записник за лица и правни субјекти затекнати при кршење на Законот за јавна чистота, од коишто 13 записници се врачени на територијата на скопската општина Чаир.

Воедно, Претпријатието продолжува со секојдневно одржување на јавната хигиена преку рачно и машинско метење на булеварите и поголемите улици, плоштадот и улицата Македонија, помалите плоштади Филип Втори, Мајка Тереза и Богородица, пешачките мостови во централното градско подрачје, пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев”, и „Слобода”, како и Старата скопска чаршија“, соопшти Комунална хигиена-Скопје.





