Скопје
Герасимовски: Проектот „Нега за стари лица во домашни услови“ има простор за уште 12 нови корисници
По повод Меѓународниот ден на старите лица, кој се одбележува на 1 октомври, Општина Центар ги потсетува пензионерите што имаат потреба од проектот „Нега за стари лица во домашни услови“ дека може да аплицираат до секој 15-ти во месецот. Преку овој проект Општина Центар, како што појаснуваат, обезбедува вежби и совети од лиценцирани физиотерапевти, негуватели и социјални работници во домашни услови за пензионерите во Центар. Мерката ги опфаќа лицата со полни 62 години, без приходи или со примања до 35.000 денари. Мерката опфаќа 90 корисници, но во моментот ја користат 78 поради што Општина Центар ги повикува повозрасните што имаат потреба од овој проект да аплицираат во Општината.
„Највозрасните наши сограѓани секојдневно се соочуваат со многубројни предизвици како неможност да ги извршат секојдневните активности во домот поради возраст, неподвижност или болест. Поради влошена здравствена состојба, некои од пензионерите и немаат асистенција при посета на лекар, немаат помош и поддршка при снабдување на основните прехранбени производи и немаат средства за ангажирање негувател во домашни услови. Затоа, Општина Центар ја прошири мерката со цел да опфати поголем број пензионери со цел да им ги олесни пензионерските денови на нашите баби и дедовци“, изјави Герасимовски.
Право на апликација имаат сите лица што се над 62 години и се жители на општината, со поднесување фотокопија од лична карта, фотокопија од потврда за примена пензија и фотокопија од медицински документ за здравствената состојба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај во Скопје
Денеска со почеток од 12 часот од страна на Сојузот на синдикати на Македонија ќе биде одржан протест пред Стопанска Комора на Р.С. Македонија на улицата „Димитрие Чуповски“ и улицата „Даме Груев“ и сообраќајот ќе биде пренасочен по околните сообраќајници.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на Град Скопје.
„Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници“, велат од МВР.
Македонија
Кисела Вода, Сопиште и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00-13:00 часот дел од улицата Архитект Сотир Томовски, општина Кисела Вода;
· од 09:00-11:00 часот корисниците од село Гврлево, општина Сопиште;
· од 09:00-15:00 часот корисниците на ул. 101 во населба Волково, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Без вода денеска дел од Бутел
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-225мм на Радишанска Лево бб (Бел Камен), општина Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.

