Скопје
Герасимовски: Сајбер-булингот е злото на новото време, клучно е домашното воспитување
Сајбер-билингот е злото на новото време, кој бара сериозен пристап од повеќе институции за да се намали и спречи, истакна денеска градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, кој учествуваше на настанот „Дигитализацијата и сајбер-безбедноста: Сегашноста и иднината на учениците“, организиран од „Аналитика тинк-тенк“.
„Во оваа ера на технолошки развој кога младите уште од рана возраст имаат пристап до компјутери и мобилни телефони, не само булингот како врсничко физичко насилство туку и сајбер-булингот е проблем што никако не смее да се занемари, ниту како било да се заобиколи. Напротив, тој носи последици, кои децата, а често и родителите и целото семејство, може да ги носат со години, па и цел живот. И ова е она што ние како општество не смееме да си го дозволиме. Борбата со булингот мора да биде заедничка и единствено како таква ќе се намали и спречи“, рече Герасимовски.
Тој потенцира и дека Општина Центар многу сериозно работи за подигнување на свеста за булингот и заштитата од него преку многубројни обуки, предавања и работилници со цел учениците, наставниците и стручните служби да го препознаат и соодветно да дејствуваат со цел да го спречат.

„Во сите осум наши училишта, особено изминатата година, имавме навистина многу работилници, обуки и предавања од психолози, педагози, претставници од Министерството за образование и наука, УНИЦЕФ и неколку невладини организации. На овие работилници и предавања учествуваа учениците од трето до деветто одделение, но обуки за препознавање и спречување булинг поминаа и директорите, стручните соработници и наставниците од сите училишта во општината. Нашата цел како Општина е на овие работилници учениците да ги препознаат видовите насилство, последиците од булингот, начините на изразување задоволство без навреда, како и промовирање на другарството и негување на позитивните вредности, како љубеност, почитување и ненасилна комуникација“, рече Герасимовски.
Тамара Мијовиќ-Спасова, извршната директорка на „Аналитика тинк-тенк“, појасни дека проект отза последиците од сајбер-булингот е посебен по многу нешта, пред сè, поради фактот што преку него директно се обучуваат учениците и професорите со техники и вештини за безбедно користење на интернетот и другите дигитални технологии.
„Повеќе од 50 ученици и 15 професори се обучија за спроведување иновативни програми во училиштата фокусирани на сајбер-безбедноста на младите. Ваквиот пристап на директна комуникација и едукација на сите фактори во образовниот процес се покажа како многу ефективен. Затоа за училиштата поддршката од градоначалниците и нивните иницијативи, кои се насочени кон борбата против сајбер-насилството, е клучна за заштита на нашата младина. Ако сакаме да постигнеме вистински напредок во ова, од суштинско значење се континуираните работилници и обуки за препознавање и заштита од сајбер-нападите“, изјави Спасова.
Општина Центар во насока на превенција и подигнување на свеста и последиците од булингот во изминатиот период, покрај активностите во училиштата, организира соседски патроли, на кои родители, наставници и претставници од МВР правеа обиколка во Градскиот парк, каде што со младите се зборуваше за придобивките и последиците од булингот. Воедно, Општина Центар при пријава од родители за насилно однесување во делови од општината веднаш реагира и во соработка со Полициската станица Беко беа засилени полициските патроли во општината.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
10.000 денари субвенција за млади возачи за првпат во Ѓорче Петров
Општина Ѓорче Петров воведува субвенција од 10.000 денари за дел од трошоците за полагање возачки испит – Б категорија, наменета за млади лица на возраст од 18 до 25 години.
Станува збор за мерка што за првпат се реализира во општината и обезбедува директна финансиска поддршка во период кога трошоците за обука и полагање претставуваат значаен товар за семејниот буџет, со цел да се олесни пристапот до мобилност, да се поттикне самостојноста кај младите и да се создадат подобри можности за вработување, велат од Општината.
Градоначалникот Александар Стојкоски истакна дека општина Ѓорче Петров продолжува со мерки што носат практична и видлива поддршка за младите, со фокус на нивниот развој, нови можности и нивно задржување во локалната заедница.
Тој нагласи дека, покрај оваа мерка, Општина Ѓорче Петров има најавено и концепт за нова станбена населба наменета за млади, во рамки на која се предвидуваат мерки за олеснување на трошоците преку субвенционирање на дел од комуналните давачки. Целта е младите лица и младите семејства да добијат реална поддршка да ја градат својата иднина токму во Ѓорче Петров.
„Со вакви конкретни чекори, Општина Ѓорче Петров продолжува да развива политики што имаат директен ефект врз секојдневието на младите и создаваат услови за нивна поголема сигурност и стабилност.
Деталите околу условите и начинот на аплицирање ќе бидат дополнително објавени“, додаваат од Општината.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.

