Скопје
Герасимовски: Почнува јавниот повик за проектот „Нега на стари лица во домашни услови“
Започнува Јавниот повик за проектот „Нега на стари лица во домашни услови“ кој опфаќа 90 корисници, жители на Општина Центар. Преку овој проект граѓаните корисници во сопствениот дом бесплатно добиваат помош и поддршка од страна на стручни и обучени лица. Три пати во неделата по два часа ги посетува негувател кој им помага во извршување на основните домашните задачи и набавка на прехранбени намирници или лекови, два пати во неделата по еден час ги посетува физиотерапевт кој им дава физикална терапија односно масажа и еднаш во месецот ги посетува социјален работник. Градоначалникот на Општина Центар вели дека овој проект е незаменлив и секогаш ги добива највисоките оценки од највозрасните граѓани.
„Проектот „Нега на стари лица во домашни услови“ е од непроценливо значење за пензионерите бидејќи преку овој проект им помагаме на нашите повозрасни сограѓани полесно да се справат со секојдневните домашни обврски. Дел од повозрасните граѓани се со нарушено здравје поради што имаат потреба од асистенција, дел од нив и немаат средства да си платат надворешно лице за помош па општината одлично им излегува во пресрет. Со помошта на стручните лица вклучени во овој проект на нашите баби и дедовци им овозможуваме полесна старост и обезбедуваме подобри пензионерски денови“ изјави градоначалникот Герасимовски.
Општина Центар ги информира граѓаните дека право на апликација имаат сите лица над 62 години, истите да се корисници на пензија или на социјална помош, корисникот да нема повисоки примања од 35 000 денари месечно и да се жители на општината. Корисник на ова право може да биде само еден член на семејството освен ако се приложи извештај специјална медицинска состојба за која е потребно вклучување на посебна нега и третман за второ лице. Исто така корисник на овој проект не може да биде лице кое користи нега во домашни услови од друг субјект давател на иста услуга како Црвен Крст на Република Северна Македонија или друг субјект.
Општина Центар ги повикува сите заинтересирани граѓани кои ги исполнуваат условите да пополнат барање во Архивата на Општина Центар и да аплицираат. Подетални информации и потребни документи заинтересираните може да прочитаат на веб страната на општината https://www.centar.gov.mk/?p=22449.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
(Фото) Во текот на минатата недела отстранети 𝟨𝟣𝟧 кубни метри отпад од диви депонии
Во текот на изминатата недела, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа 615 кубни метри отпад од диви депонии на територијата на градот Скопје.

„Приближно 25 кубни метри непрописно одложен мешан комунален и кабаст отпад беа отстранети од улицата Џон Кенеди, во непосредна близина на ООУ „Васил Главинов“, каде што веќе подолг период е забележано континуирано одлагање отпад на јавни и сообраќајни површини.

Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје минатата недела изготви 21 записник за лица и правни субјекти затекнати при кршење на Законот за јавна чистота, од коишто 13 записници се врачени на територијата на скопската општина Чаир.

Воедно, Претпријатието продолжува со секојдневно одржување на јавната хигиена преку рачно и машинско метење на булеварите и поголемите улици, плоштадот и улицата Македонија, помалите плоштади Филип Втори, Мајка Тереза и Богородица, пешачките мостови во централното градско подрачје, пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев”, и „Слобода”, како и Старата скопска чаршија“, соопшти Комунална хигиена-Скопје.





