Скопје
Герасимовски: 2.000 дечиња добија новогодишни пакетчиња
Општина Центар, оваа година ги изненади дечињата на територија на општината со 2000 новогодишни пакетчиња. Овие пакетчиња беа поделени на учениците од основните училишта во Центар, децата од градинките, како и на лицата со попречености и со Даунов синдром.
Не беа заборавени ниту пак најмалите херои кои се лекуваат на Клиниката за детски болести и Клиниката за детска хирургија, кои добија пакетчиња како дел од новогодишната магија.
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски истакнува дека новогодишните празници се време кога сите треба да се чувствуваме убаво, особено нашите најмали, кои го прават посреќен секој наш ден.
“Изминатава недела заедно со Дедо Мраз донесовме радост и насмевки на децата. Благодарност до сите општествено одговорни компании кои се приклучија и нѐ поддржаа да ги израдуваме најмалите. Заеднички можеме да направиме многу”, вели Герасимовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.
Македонија
Без струја делови од Петровец, Чаир и Гази Баба
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од селата Градманци, Летевци, Катланово и Брезница, општина Петровец;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата Ордан Чопела, улицата Петре Георгиев и улицата Челопек, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Вера Вучковска Жезељ во населба Хиподром, општина Гази Баба.

