Скопје
Градоначалникот Андреј Жерновски на средба со австриски инвеститори во Линц
Градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски ја продолжи официјалната посета на Австрија. Тој во четвртокот беше во Линц, кадешто оствари средби со водечките личности на градот и челниците на австриската економска комора.
Градот Линц е центар на австриската економија. Австрија, пак, е втор инвеститор во Македонија и многу важен партнер во трговската размена.
Средбата со високи претставници на австриската економска комора е многу важен чекор во продлабочувањето на австриско-македонската соработка.
Потенцијалните инвестиции ќе бидат од особено значење не само за Центар како општина, туку и за целата македонска економија.
На средбите се дискутираше и за актуелните политичко-економски случувања во Македонија. На средбата е договорено, по формирањето на стабилна влада, да се реализира посета на австриски компании во Македонија и претставување на македонските компании во Австрија/.крај /мф/кс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја делови од Гази Баба и Ѓорче Петров
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 14.30 часот, корисниците на обејкт на Меркур Македонија. (општина Гази Баба)
· во периодот од 09.00 до 14.30 часот, корисниците на дел од улицата Радушка (општина Ѓорче Петров)
Македонија
(Фото) Општина Центар: Се отстрануваат паднатите дрвја кај училиштето „Киро Глигоров“
Општина Центар информира дека во моментот екипите на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ и ЈП „Паркови и зеленило“ работат на отстранување на двете паднати дрвја во близина на ООУ „Киро Глигоров“.

Улицата е непроодна за возила додека не завршат активностите, а се очекува дрвјата да бидат целосно отстранети во рок од еден час.




Македонија
Герасимовски: Во Центар одлучуваат граѓаните, во вторник заедно го креираме буџетот за наредната година
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски ги повикува сите жители на општината да учествуваат на првиот буџетски форум за 2026 година, кој ќе се одржи во вторник, 28 октомври, во ООУ „Киро Глигоров“ со почеток во 19.30 часот.
Овој форум претставува можност граѓаните активно да учествуваат во креирањето на општинскиот буџет, да даваат предлози и иницијативи со што ќе придонесат за подобар и поквалитетен живот во општината.
„Заедно со граѓаните, во изминатите четири години реализиравме голем број успешни и квалитетни проекти, а така ќе биде и во наредните четири години. Ги поканувам граѓаните со своите предлози, идеи и размислувања да се вклучат во дефинирањето на приоритетите што ќе придонесат за развој на локалната самоуправа,“ порача Герасимовски.

На буџетскиот форумот ќе учествуваат раководителите од општинската администрација, претставниците на месните и урбани заедници, претставници на невладиниот сектор, и сите жители што сакаат да учествуваат во планирање на општинскиот буџет.
Општина Центар останува посветена на процесот на вклучување на граѓаните во донесување на клучните одлуки, со цел да се обезбеди транспарентност и отчестност, но и за да се задоволат реалните потреби на заедницата.
„Ги поканувам сите центарци да присуствуваат на форумот. Гласот на граѓаните е важен, секоја иницијатива е добредојдена, бидејќи сите заедно сме одговорни за животот во нашата општина,“ додаде Герасимовски.

