Скопје
Градски паркинг-Скопје утре нема да наплаќа за паркирање во зоните А, Б, Ц и Д

ЈП Градски паркинг-Скопје извести дека утре, на празникот Свети Климент Охридски, нема да се наплаќа зонско паркирање на јавните површини со кои стопанисува ова јавно претпријатие односно на зоните А, Б, Ц и Д.
Редовна наплата ќе се врши на следните паркиралишта:
– Зона А0- Водно,
– Катни гаражи: „Беко“ и „26ти Јули“ и
– Јавните паркиралишта: Кочо Рацин, Треска, Градска Болница, Нова Македонија, АМСМ, Народен фронт и клинички центар Мајка Тереза.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Извршена пролетна дератизација за уништување глодачи во општина Илинден

Како дел од „Програмата за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести“ од 2025 година, извршена е редовна пролетна дератизација за уништување на глодари на 1073 шахти. А во тек е и спроведување на дезинфекција на јавни објекти на површина од 3300 м2, меѓу кои е општинската зграда, како и домовите на култура на општина Илинден.
Во насока на спречување и сузбивање на заразни болести и инфекции, општина Илинден известува дека и во наредниот период ќе продолжи со примена на сите потребни мерки за заштита на населението.
Македонија
Јавен повик за финансиска поддршка на проектот „Прослава и животот на Горан Стефановски“

Градоначалникот Горан Герасимовски информира дека Општина Центар објави јавен повик за финансиска поддршка за проектот „Прослава на животот на Горан Стефановски“, кој ќе се реализира на 27 април 2025 година во чест на роденденот на еден од најголемите македонски драматурзи.
„Горан Стефановски е еден од нашите најголеми културни творци и имаме обврска да го зачуваме неговото наследство, особено за помладите генерации. Овој проект е многу важен за Општина Центар и за македонската култура бидејќи преку организацијата на настанот ‘Горан е тука!’, покажуваме дека луѓето што оставиле голем белег имаат само датум на раѓање и во една друга уметничка форма се секогаш присутни во нашето општество. Роденденот на Горан Стефановски, 27 април, се одбележува од 2019 година, па така и овој април посветуваме внимание на легендата која потекнува токму од нашата општина, од срцето на Дебар Маало“, рече Герасимовски.
Проектите поддржани со овој јавен повик ќе бидат составен дел од Годишната програма за култура на Општина Центар за 2025 година и во согласност со тоа вкупниот износ на финансиската поддршка за проектот изнесува 300.000 денари.
Право на учество имаат сите здруженија, организации и правни субјекти што дејствуваат во областа на културата најмалку една година и се регистрирани со седиште на територијата на општина Центар.
Рокот за пријавување е 5 дена од денот на објавување на јавниот повик (26.3.2025) на веб-страницата на Општина Центар, а сите заинтересирани може да ги поднесат своите пријави и документација преку пошта или лично во архивата на Општина Центар – Скопје.
Пријавата за финансиска поддршка е достапна на веб-страницата на Општина Центар.
Македонија
Без струја денеска дел од Карпош, Сарај и Бутел

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од село Горно Нерези и Горни Крушопек, општина Карпош и општина Сарај;
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од ул. Призренска бр. 1, 2, 3, 6, 8, 9, 18, 22 и 53, општина Бутел.