Контакт

Скопје

Дел од Карпош и Кисела Вода без вода

Објавено пред

Од ЈП Водовод и канализација – Скопје известуваат дека:

dobivaj vesti na viber

поради дефект на приклучна цевка ф 1“ на ул.Лондонска бр.9, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул.Лондонска од 09:00 часот до завршување.(општина Карпош)

поради дефект во шахта (промена на вентил ф3/4“) на ул.Божидар Аџија бр.12 во Студентскиот Дом Пелагонија, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул:Божидар Аџија, Иван Козарев, дел од Георги Димитров, Киро Крстевски и дел од Вера Јоциќ од 09:00 часот до завршување.(општина Кисела Вода)



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Скопје

Без струја неколку скопски општини

Објавено пред

Поради планирани прекини во електро снабдувањето денеска без електрична енергија ќе бидат корисниците од неколку скопски општини.

dobivaj vesti na viber

– Во период од 08,00ч до 15.00ч дел од корисниците во ЧОЈЛИЈА: фабрика Пјурели Плант, фотоволтаци Нордик, Еуровиа, Енерџи Груп во индустриска зона Чојлиа (општина Илинден)

– Во период од 08,30ч до 11.30ч дел од корисниците од ул. Крсте Асенов, ул. Добри Даскалов, дел од бул. Христијан Тодоровски Карпош (општина Чаир),

– Во период од 11.30ч до 14.30ч дел од корисниците од ул Ресенска, дел од ул. Втора Македонска Бригада, дел од ул Кемал Сејфула (општина Чаир)

– Во период од 09.00ч до 15.00ч дел од корисниците од с. Сопиште ( ул 134 кај гробиштата) (општина Сопиште).

Прикажи повеќе...

Скопје

Во ЗОО Скопје угина лавот Жика на 16-годишна возраст

Објавено пред

Скопската Зоолошката градина соопшти дека починал лавот Жика на 16-годишна возраст.

dobivaj vesti na viber

Лавот изминатата година имал тумороидни израстоци по што во февруари му биле извршени хируршки интервенции но изминатите два дена неговата состојба се влошила.

– Лавовите во природа живеат од 10 до 14 години, а нашиот Жика имаше 16. Лавот Жика со оглед на длабоката старост, изминатата година почна да развива тумороидни израстоци на повеќе места на телото, за кои што во февруари со целосен тим на професори и ветеринари од Факултетот за ветеринарна медицина беа извршени хируршки интеревенции и истите беа отстранети, но изминатите два дена состојбата се влоши и веднаш беше реагирано од страна на тимот на ЗОО Скопје, заедно со тимот на ветеринари од Факултетот за ветеринарна медицина. Сите заедно направивме се што можевме, лавот примаше терапија, но за жал не издржа. Секогаш грациозен, со својата величенствена грива го привлекуваше вниманието на сите посетители. Го сакаа и децата и возрасните, а најмногу вработените. Ова е голема загуба за сите нас, стои во објавата на Фејсбук.

Жика беше дојден од Зоолошката градина во Белград.

Прикажи повеќе...

Скопје

Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје

Објавено пред

СВР Скопје ги известува граѓаните дека денеска во периодот од 15.00 до 17.00 часот, поради одржување на протестен марш од страна на коалиција за застапување на правата на лицата со хендикеп, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на Град Скопје.

dobivaj vesti na viber

СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет18 минути

Северна Кореја ја прогласи Јужна Кореја за непријателска земја: комуникацијата е прекината, патните и железничките врски се целосно блокирани

Северна Кореја ја прогласи Јужна Кореја за „непријателска држава“ и потврди дека ја прекинала комуникацијата со таа земја, објави утринава...

Свет24 минути

Нетанјаху: „Најмодерното руско оружје“ пронајдено во базите на Хезболах во Либан

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека израелските сили пронашле „најмодерно руско оружје“ за време на претресот на базите на Хезболах...

Европа1 час

Бајден испраќа вреден пакет воена помош во Киев, Пентагон објави детали

Американскиот претседател Џо Бајден разговараше вчера со украинскиот претседател Володимир Зеленски за зголемување на безбедносната помош за Украина и најави...

Свет1 час

САД: Видовме снимки од ракети во цивилни куќи, Израел има право да ги нападне

Израел има право да го нападне Хезболах во Либан дури и во цивилни згради, но тоа мора да го направи...

Свет1 час

Израелскиот министер за одбрана: Макрон е срам за француската нација

Министерот за одбрана на Израел го нападна францускиот претседател откако на израелските компании им беше забрането да учествуваат на саемот...

Топ11 часа

Се преврте комбе кај Катланово, загинаа три лица, има и повредени

Три лица загинаа, а пет се префрлени во болница откако се преврте комбе кај тунелот на автопатот Скопје-Велес. Според информациите...

Топ15 часа

Oбид за убиство во Македонија поради имот

Полицијата поднесе кривична пријава против Р.Ц.(59) од Македонски Брод поради убиство во обид. „На 13 октомври во семејна куќа во...

Македонија17 часа

Лога за Филков: Тој е затворен во кабинетот од својата шефица, која не му дозволува да комуницира

За жал, господинот Филков е само потписник во таа институција, а министерството го раководи Радица Лазареска Геровска, со која целото...

Македонија17 часа

„Тука е девојчето што го барате, ако дознае Палчо, ќе ме убие“ – обвинетиот им покажал на полицајците каде е закопана Вања

На денешното судење за убиството на Вања и Панче обвинетиот Влатко Кешишов го однел сведокот Музафер Каришиќ до местото на...

Македонија18 часа

Јакимовски: Има средства да се финансира академија на науки и уметности на Албанците, а нема да се обезбеди парно за учениците во Карпош

Не може да се штеди на грбот на граѓаните и децата на територија на општина Карпош. Вчера градоначалниците Албанци од...

Македонија20 часа

Двајца во притвор, еден во бегство – поднесена кривична пријава против три лица за пукањето во Чаир

Во врска со оружениот инцидент кој се случи на 14 октомври на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ во Чаир, по поднесена...

Македонија20 часа

Не се воведува дополнителен еден час евтина струја преку ден оти ќе треба да се укине евтината од 22 до 24 часот, РКЕ ги направи пресметките

Анализата на потрошувачката на струја од 2021 година до септември годинава покажува дека до крајот на 2023 година немало услови...

Европа22 часа

(Видео) Првите снимки од разорниот земјотрес што ја погоди Турција: Сè се тресе, луѓето бегаат

Исклучително силен земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала ја погоди Турција, соопшти ЕМСЦ. #deprem #earthquake #turkey #malatya...

Македонија23 часа

Три пиштоли, рамки, шаржер, илјада куршуми, шок-бомби и дрога пронајдени во домот на скопјанец, поведена истрага

При претрес во домот и подрумските простории во сопственост на 48-годишен скопјанец, полициски службеници на 14 октомври пронашле поголемо количество...

Македонија23 часа

„За коса ја извадил од такси-возилото, ја удрил со главата и ѝ ја пукнал левата аркада“, Обвинителството поведе постапка против скопјанец

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 32-годишен скопјанец поради основано сомнение за кривично дело – Тешка телесна повреда според...

Свет1 ден

Кина: Не се откажуваме од можноста да го вратиме Тајван со сила

Кина нема да вети дека ќе се откаже од употребата на сила против Тајван, но тоа се однесува на надворешно...

Европа1 ден

Украинските власти наредија евакуација на Купјанск, еден од клучните градови: „Се водат тешки битки“

Украинските власти денеска наредија евакуација на Купјанск, важен град и три други локалитети во североисточниот регион Харков, бидејќи руските сили...

Свет1 ден

(Видео) Трамп: За мене најубавиот збор на светот е царина

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп ги бранеше своите протекционистички трговски политики и другите фискални предлози, отфрлајќи ги оценките дека тие...

Свет1 ден

Северна Кореја тврди дека 1,4 милион млади луѓе ѝ се приклучиле на армијата

Севернокорејските државни медиуми објавија дека оваа недела, околу 1,4 милиони млади луѓе, вклучително студенти и претставници на младинската лига, се...

Македонија2 дена

Регистриран земјотрес во Македонија

Попладнево е регистриран земјотрес во Македонија со јачина 2,4 степени според Рихтер. Епицентарот е на 13 км североисточно од Демир...