Скопје
Дел од неколку скопски општини без струја и вода
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, известува дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа без напојување со електрична енергија ќе останат:
• од 08:00 до 12:00 часот, корисниците од ул. Христо Татарчев, крак – 15 (Опш.Кисела Вода);
• од 09:00 до 11:00 часот, корисниците од ул. Партение Зографски, дел од ул. Востаничка, ул. Димитар Беровски и дел од ул. Црниче (Опш. Кисела Вода);
• од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од дел од ул. Народни Херои (Опш.Кисела Вода);
• од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од ул. Дамаска (Опш. Карпош);
• од 09:00 до 13:30 часот, корисниците од дел од с. Бардовци во близина на училиштето (Опш. Карпош);
• од 13:30 до 15:00 часот, корисниците од дел ул. Џумајска (Опш. Карпош).
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, ги известува граѓаните дека:
• Поради промена на затворач на водоводна мрежа со пречник од Ф80мм на ул.Александар Бујнов бр.8 во населба Бутел, од 07:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Александар Бујнов, Душко Поповиќ, Пребондова, Томе Пуре и дел од ул. Петар Манџуков. (Општина Бутел)
• Поради уличен дефект на водоводна мрежа со пречник од Ф-100мм на ул.Ташко Караџа бр. 12 во населба Автокоманда, од 07:30 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Ташко Караџа, Трифун Хаџи Јанев, Христо Ботев и Бапчор. (Општина Гази Баба)
• Поради отстранување дефект во шахта на вентил од Ф-6/4цола, на ул. Манапо бр. 5, од 08:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Манапо, Струма, Пелистерска, Огражден и Радика. (Општина Карпош)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Кисела Вода: Компјутери, принтери и телевизори за училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“
Набавени се компјутери, принтери и телевизори за основните училишта „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода, како дел од континуираните активности за унапредување и модернизација на наставниот процес, извести Општината.

„Во периодот кога учениците се на зимски распуст, во училиштата се врши опремување со нова информатичка опрема, со цел второто полугодие учениците да го започнат со поквалитетна настава и полесен пристап до дигитални содржини.

Со оваа инвестиција, општина Кисела Вода уште еднаш ја потврдува својата определба за дигитализација на образованието и создавање современи услови за учење, во чекор со новите образовни стандарди и потребите на учениците“, соопштуваат од Општината.

– Нашата цел е децата да учат во современи и опремени училишта, каде што ќе имаат можност да стекнуваат знаења и дигитални вештини неопходни за нивниот понатамошен развој. Компјутерите, принтерите и телевизорите кои ги обезбедивме во училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ се уште еден конкретен чекор во таа насока, а учениците по зимскиот распуст ќе бидат пречекани со значително подобри услови за настава, изјави градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.



Македонија
(Фото) Во текот на декември подигнати 𝟣𝟥 𝟢𝟢𝟢 тони комунален отпад во Скопје
Во текот на месецот декември 2025 година, ЈП Комунална хигиена-Скопје подигна и транспортираше вкупно 13 000 тони комунален отпад од кантите во индивидуалните домувања и контејнерите поставени на јавни површини на територијата на градот Скопје, известуваат од ЈП Комунална хигиена-Скопје.

„Воедно, екипите на Претпријатието отстранија и 2200 кубни метри претежно кабаст и градежен отпад од диви депонии лоцирани во сите скопски општини.

Во текот на последниот месец од минатата година, Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираше голем број едукативни разговори со претставници на стопанските субјекти, како и со лица коишто биле затекнати при неправилно одлагање на отпад, при што се изготвени 225 записници.

Најголем број на записници – вкупно 85 – се врачени во скопската општина Kарпош“, се додава во соопштението на ЈП Комунална хигиена-Скопје.
Македонија
Делови од Центар и Зелениково денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на затварач од ф – 100 мм на ул. 5 бр. 47 во село Моране, во периодот од 08.30 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од село Моране, општина Зелениково.
Од ЈП Водовод и Канализација исто така информираат дека поради уличен дефект на ул. Васил Ѓорѓов б.б – пред ОУ Киро Глигоров, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улиците Васил Ѓорѓов, Адам Мицкиевиќ, дел од корисниците од улиците Киро Глигоров и Козара, како и објектот на заводот за физикална медицина и рехабилитација, општина Центар.

