Скопје
Дел од општина Центар без струја
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/07/DSC_4798.jpg)
Корисниците од улицата 11 Октомври во општина Центар, со број 86 и број 52, денес, од 10 до 12 часот, ќе останат без напојување со електрична енергија.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето технички интервенции во електродистрибутивната мрежа од страна на екипи на „ЕВН Македонија“ АД.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Скопје
Посебен режим на сообраќај во Скопје денеска и утре
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/01/bit-pazar-2-mavrovka.png)
Денеска и утре, по повод верскиот празник Задушница, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот.
Имено, од 6 часот денеска и утре, сообраќајот кон Градските гробишта „Бутел“ ќе се одвива во една насока (кружно), односно сите возила ќе се упатуваат по улицата Бутелска, лево по улицата Александар Урдаревски, лево по улицата Боца Иванова и десно до влезот на гробишта „Бутел“, а за излез од гробиштата десно по улицата Боца Иванова до кружниот тек на улицата Бутелска, па лево по улицата Бутелска и десно по улицата Кемал Сејфула.
Посебен режим на сообраќај ќе се воведе и во околината на гробишта „Камник“ и во Ѓорче Петров. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници на сообраќајниците опфатени со посебниот режим на сообраќај.
Скопје
ЦУК: Решен е случајот со парчиња фасада што паѓаа од зграда во Центар
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/befunky_2024-5-4_16-17-22.jpg)
На бројот 112 беше пријавена опасност од парчиња фасада што паѓаат од зграда во општина Центар. Од локалната самоуправа информираат дека се излегло на терен, се решил случајот и опасноста е отстранета, соопштија попладнево од Центарот за управување со кризи.
– Настанатата ситуација, со фасадата во распаѓање, претставуваше потенцијална опасност за граѓаните кои поминуваат на тој потег од улицата „Мито Хаџи Василев – Јасмин“ број 24, зад новата зграда на „Елем“, велат од ЦУК.
Скопје
Бесплатен паркинг утре во Центар
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2018/01/parking-tabla.jpg)
По повод претстојниот празник „Духовден“ од ЈП Паркинзи на општина Центар известуваат дека утре (петок) паркиралиштата со кои стопанисува претпријатието ќе бидат без наплата за сите граѓани.
Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата ќе продолжи на 22.06.2024 година (сабота) со вообичаено работно време, додаваат оттаму.