Скопје
Дружење и дегустација на храна: утре во Паркот на франкофонијата ќе се одржи манифестацијата „Нож и виљушка на европска чинија“
Во организација на Општина Центар утре, на 31 мај во Паркот на Франкофонијата во периодот од 17 до 19 часот ќе се одржи манифестацијата „Нож и виљушка на Европска чинија“. Општина Центар како домаќин на овој настан на посетителите ќе им понуди квалитетно после работно дружење, преку уникатно музичко и гастрономско доживување, велат од општината.
Паркот на Франкофонијата ќе биде точка каде ќе се спојат домашните македонски производители и угостители кои подготвуваат автентична домашна храна и пијалаци, еко производи, но и традиционални специјалитети од Австрија, Германија, Франција, Турција, Италија и други европски држави.
„Ги повикувам граѓаните да не посетат и да дегустираат од домашните и европски традиционални јадења и пијалаци, но и да купат производи што можеби нема да ги најдат во супермаркетите, а кои дома ќе можат да ги пробаат со своето семејство. Учесниците на настанот на креативно изложбени штандови ќе ги промовираат своите производи и специјалитети, а меѓу учесниците кои ќе се претстават се: Мелем од вкусови, Туф.мк, Моја бавча, Натурал 2020, Смидџин, Сакам пиво, Фајн Крафт ракија ‘ Вк, Нутрико, Натс, како и многу други изложувачи што ќе презентираат македонска и европска храна. На учесниците ќе им се придружи и Активот на жени од здружението на пензионери на Општина Центар, кои освен што ќе ги презентираат специјалитетите од нашето поднебје, тие и на лице место со своите вешти раце на помладите генерации ќе им прикажат како се меси, плете и везе. Верувам дека оваа дружба ќе биде интересна за секој посетител“, порачува Герасимовски.
Музиката има уникатна сила и моќ да допре до душата, да инспирира и да ги зближи луѓето од сите генерации. Центарци и сите љубители на добрата музика и храна ќе уживаат во специјално подготвена музичка програма во изведба на музичко дуо-слободни уметници, како и на хорот „Елегија“ при Здружението на пензионери на Центар со популарни македонски, англиски, француски и италијански безвременски мелодии, што имаат трајни вредности во македонската и светска музичка култура. На овој настан своја изведба ќе имаат и членовите на ансламблот „Орце Николов“ кои ќе се претстават со традиционалните македонски песни и игри.
Општина Центар ги поддржува малите екопроизводители кои ги промовираат своите производи и специјалитети, а целта на настанот е да поттикне дружење и забава во правец на негување на македонската гастрономска традиција, но и афирмирање на европската гастрономска култура.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од неколку скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 04:00 до 08:00 часот, корисниците од населбите: Бутел и Север, општина Бутел, Топанско Поле и дел од Чаир, општина Чаир и Шуто Оризари и Визбегово, општина Шуто Оризари;
· од 07:30 до 15:30 часот, корисниците на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, броеви од 49 до 53, како и објектите во околината на Поликлиника – Идадија, општина Центар;
· од 08:00 до 16:00 часот, корисниците од улицата Тодор Чангов, подулици бр. 10, 15 и 18, општина Аеродром;
· од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од дел од улицата Финска, општина Гази Баба;
· од 11:00 до 14:00 часот, корисниците од улицата Крагујевачка бр. 9, општина Карпош;
Македонија
Претседателот на Албанија во тридневна посета на Македонија, посебен режим на сообраќајот во Скопје
В четврток, петок и сабота, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува Бајрам Бегај, претседател на Република Албанија.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на градот Скопје.
СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и упатствата што ќе ги даваат униформираните полициски службеници, со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.
Македонија
Вчера за првпат откако функциниора „Безбеден град“ не е регистрирано ниту едно минување на црвено светло
Првпат откако функциниора системот „Безбеден град“, на 24.02.2026 не е регистриран ниту еден прекршок за минување на затворен семафор – црвено светло. На подрачјата на градовите и коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно 526 прекршоци, од кои 84 се сторени од возачи кои управувале возило со странски регистарски таблички, извести МВР.
За управување на возило со брзина поголема од дозволената регистрирани се 504 прекршоци и 22 за управување со возило со измината важност на сообраќајната дозвола. Исто така, изречени се вкупно 17 мерки „забрана за управување со возило“ – сите за управување возило со поголема брзина од дозволената, од кои 13 за брзина поголема од 80 км на час во населено место и четири мерки за брзина поголема од 10 км на час сопствено ограничување на возило.
Во рамки на предвиденото дозволено отстапување во брзината на движење толерирани се 3.336 возачи, соопшти МВР.

