Скопје
Започна Културно лето 2024 на Општина Кисела Вода
И покрај лошите временски услови, започна Културно лето 2024 на Општина Кисела Вода. На отворањето на настанот покрај градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, присуствуваше и министерот за култура и туризам Зоран Љутков кои заедно со бројната публика ја следеа програмата на првата од четирите вечери на оваа традиционална манифестација.
„Вечерта ја отвори најнаградуваниот хор од ООУ “Кузман Јосифовски Питу”, кој предводен од нивната наставничка Вера неодмна се врати од натпреварот во Италија со 6 награди. Вечерта продолжи со концерт на КУД Китка од Драчево, а потоа и со ѕвездите од проектот “Македонијо во срце те носиме”. Културното лето продолжува утре вечер во паркот пред салата Расадник со 2 Бона и Пајак од 20:30, а два часа порано, во паркот Шопен ќе се одржи хуманитарна коријада организирана од Здружението на пензионери на Кисела Вода. Изразуваме надеж дека временските прилики ќе дозволат забавата непречено да се одвива“, велат од Општина Кисела Вода.
-Продолжуваме утре со хуманитарна коријада во 18:30 часот, а потоа ќе ве забавуваат 2 Бона и Пајак. Се гледаме утре и се надевам дека временските услови ќе бидат на наша страна-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре без вода делови од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради промена на воздушен вентил на улицата Јустинијан Први (кај мостот), утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од село Драчево, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Во текот на јануари се отстранети 𝟤𝟩𝟨𝟧 кубни метри отпад од диви депонии
Во текот на првиот месец од 2026 година, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 13 000 тони мешан комунален отпад од домаќинствата на територијата на градот Скопје, известуваат од Комунална хигиена-Скопје.

„Воедно, беа отстранети и 2765 кубни метри непрописно одложен мешан комунален, кабаст и градежен отпад. Во рамките на активностите за отстранување диви депонии е интервенирано во сите скопски општини, а најголемо количество непрописно одложен отпад – 400 кубни метри се подигнати во општината Центар.

Еко-патролата при ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на месец јануари изготви вкупно 56 едукативни записници за претставници на стопанските субјекти и физички лица коишто биле затекнати при неправилно одлагање на отпадот. Најголем број на записници – вкупно 32 – се врачени во скопската општина Чаир.

ЈП Комунална хигиена-Скопје продолжува со одржување на јавната хигиена на булеварите, како и улиците што се во надлежност на Градот Скопје во сите скопски општини. Секојдневно, во три смени, се спроведува машинско и рачно метење на плоштадот и улицата Македонија, помалите плоштади Филип Втори, Мајка Тереза и Богородица, пешачките мостови во централното градско подрачје, пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев”, и „Слобода”, како и Старата скопска чаршија“, соопшти Комунална хигиена-Скопје.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради уличен дефект ф-80 мм на улицата Св. Кирил и Методиј бр. 48, од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица и дел од улицата Димитрие Чуповски, вклучително и ЈЗУ Здравствен дом Железничар, општина Центар.

