Скопје
Првпат отворена лабораторија за испитување на квалитетот на водата во општина Илинден
Од денеска е пуштена во употреба нова лабораторија за контрола на квалитетот на водата за пиење со која ќе раководи ЈКП „Водовод“-Илинден, а се отвора за првпат од основањето на претпријатието.
На отворањето на лабораторијата присуствуваше и градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски и директорот на ЈКП „Водовод“-Илинден, Ивица Трипуновски. Градоначалникот истакна дека лабораторијата е опремена со најсовремена апаратура и технологија за анализирање на физичко хемиските параметри на водата како и контрола на микробиолошките параметри дефинирани во Правилникот за безбедност на водата за пиење донесен од Агенцијата за храна и ветеринарство. Досега претпријатието го контролираше составот на водата преку соработка со надворешни лаборатории, со земање мостри во правилни временски интервали, а од сега тие испитувања ќе ги прави претпријатието пришто ќе бидат заштедени финансиски средства.
Градонацалникот Георгиевски додаде дека големата количина на вода која секојдневно се пласира од системите за водоснабдување ја наметна потребата од се почесто контролирање на составот на водата и итно опремување на една ваква современа лабораторија во која секојдневно ќе бидат анализирани мостри на вода од сите населени места.
Приоритет во работењето на Општина Илинден и во работењето на претрпијатието, е населението да има доволни расположиви количини на вода која е здравствено исправна и безбедна за пиење. Со набавката на опремата и опремување на лабораторијата се достигнува ново ниво во работењето на Општина Илинден и ЈКП Водовод Илинден.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Неколку скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од дел од улиците: Полог и Кочанска, општина Кисела Вода;
– од 08:30 до 16:00 часот, корисниците од населените места и објектите од село Алдинци кон Солунска Глава, општина Студеничани;
– од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Македонско Косовска Бригада, општина Шуто Оризари;
– од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од објектите во околината на зграда бр. 17 на бул. Партизански Одреди, општина Центар;
– од 09:30 до 13:00 часот, корисниците од ул. 6 во село Бардовци, општина Карпош.
Македонија
Комунална хигиена мора да се освести ни се спрема катастрофа, вели Герасимовски
Градоначалникот Горан Герасимовски, во изјава за медиуми пред почетокот на средбата со претставниците на ЗЕЛС за хаосот со сметот во Општина Центар, но и на територија на градот Скопје потенцираше дека мора да се најде итно решение за овој проблем кој веќе ги помина сите граници на нормално живеење.

„Изминатите пет дена немаше воопшто ниту еден камион од комуналното претпријатие на територија на Општина Центар. Ние имаме дополнително изнајмена механизација, нашите хигиеничари работат во две смени за отстранување на сметот од улиците. За жал, и тоа не е доволно, искрено не е доволно. Гледаме што секојдневно се случува, немаме ингеренции да го отстрануваме сметот од самите контејнери, немаме ни таква механизација, туку го отстрануваме само сметот покрај самите контејнери. И тоа не е доволно. Дополнително, имаме кучиња скитници кои го разнесуваат целото ѓубре по улиците и ни прави дополнителен проблем на нашите хигиеничари. Но, даваме се од себе да го подигнеме нивото на хигиена на повисоко ниво. Верувам дека јавното претпријатие ќе се свести и дека во наредните денови ќе се појави низ Општина Центар и другите општини за да го тргне сметот од улиците“, рече Герасимовски.

Македонија
Посебен режим на сообраќај утре во центарот на Скопје
Утре во 10:00 часот поради одржување на атлетска трка во централното градско подрачје на Скопје, со траса на движење од паркот „Жена борец“ преку Камени мост, ул. „Иљо Војвода“, тротоарот на мостот „Гоце Делчев“ и по кејот на реката Вардар и обратно, за сообраќај ќе биде затворена ул.„Иљо Војвода“, пешачките површини и делот од кејот по кој ќе се движат учесниците во трката.
Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите кои ќе ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

