Скопје
Изградба на нов покрив на ООУ „Ристо Крле“ во Кадино, општина Илинден
Во Општинското основно училиште „Ристо Крле“ се почна со реализација на проектот за реконструкција, односно замена на покривната површина на централното училиште во Кадино.
Во рамките на проектот предвидена е целосна замена на постојната покривна површина на централното училиште, ќе се изврши отстранување на старите салонитни табли, кои содржат азбестни компоненти, отстранување хоризонтални и вертикални олуци, поставување покривен покривач од пластифициран брановиден лим. Воедно, ќе се изврши и набавка и поставување на хоризонтални и вертикални олуци, опшивки кај вентилациски канали и поставување снегобрани.
Увид во градежните активности извршија градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, и директорот на училиштето, Јовче Петковски, кои констатираа дека работните активности се одвиваат според предвидената динамика. Притоа со оваа замена на покривната конструкција ќе се опфати површина од речиси 1.600 м2 на објектот и ќе се обезбеди хидротермичка изолација. Со тоа ќе се спречи протекувањето на стариот покрив и оштетување на внатрешните простории во оваа образовна институција.
ООУ „Ристо Крле“ е изградено пред 44 години и првпат се врши замена на покривната површина, а заедно со подрачните објекти во населените места Мралино и Бунарџик учат вкупно 320 ученици.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
(Фото) Кисела Вода: Компјутери, принтери и телевизори за училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“
Набавени се компјутери, принтери и телевизори за основните училишта „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода, како дел од континуираните активности за унапредување и модернизација на наставниот процес, извести Општината.

„Во периодот кога учениците се на зимски распуст, во училиштата се врши опремување со нова информатичка опрема, со цел второто полугодие учениците да го започнат со поквалитетна настава и полесен пристап до дигитални содржини.

Со оваа инвестиција, општина Кисела Вода уште еднаш ја потврдува својата определба за дигитализација на образованието и создавање современи услови за учење, во чекор со новите образовни стандарди и потребите на учениците“, соопштуваат од Општината.

– Нашата цел е децата да учат во современи и опремени училишта, каде што ќе имаат можност да стекнуваат знаења и дигитални вештини неопходни за нивниот понатамошен развој. Компјутерите, принтерите и телевизорите кои ги обезбедивме во училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ се уште еден конкретен чекор во таа насока, а учениците по зимскиот распуст ќе бидат пречекани со значително подобри услови за настава, изјави градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.




