Скопје
Кисела Вода повторно субвенционира набавка на пелети и огревно дрво за домаќинствата
Кисела Вода и годинава субвенционира набавка на пелети и огревно дрво за домаќинствата. Денес на општинската веб страница е објавен јавен повик за двата типа на поддршка кои на жителите од овој дел на градот треба финансиски да им помогне во подмирувањето на сметките за загревање на домот.
Согласно наведените критериуми, субвенционирањето за кофинансирање за набавка на пелети за домаќинствата на територија на Општина Кисела Вода, ќе биде во износ од 50% од вредноста, но не повеќe од 10.000,00 денари со вклучен персонален данок на доход. Притоа, потребно е да се достави доказ дека е извршено купувањето на пелетите, од 01.01.2024 година до завршување на јавниот повик, со приложување на фискална сметка или фактура и извод од деловна банка за извршена уплата во оригинална форма. Јавниот повик ќе трае до исцрпување на предвидените средства за оваа намена во Буџетот на Општина Кисела Вода, а најдоцна до 31.10.2024 година. Подетални информации околу субвенциите за набавка на пелети, заинтересираните можат да добијат на следната мејл адреса : [email protected].
Во однос на поддршката за набавка на огревно дрво, Општина Кисела Вода ќе субвенционира по 500 денари (со вклучен персонален данок) за секој купен метар кубен (1 m³) дрва за огрев, но до максимална вкупна количина до 10 кубни метри (10 m³) дрва или по 350 денари (со вклучен персонален данок) за секој купен метар просторен (1 метар просторен) дрва за огрев, но до максимална вкупна количина до 14 метри просторни (14 метри просторни) дрва за огрев за жителите на општина Кисела Вода. Право на учество за користење на субвенции на дел од трошоците на граѓаните на територија на Општина Кисела Вода за купување на дрва за огрев ќе имаат граѓаните кои купиле дрва за огрев од 01 април 2024 година и се до денот на објавување на Јавниот повик. И за оваа субвенција потребен ќе биде доказ кој ќе биде доставен во форма на потврда ,испратница или останат документ (фотокопија) кој го потврдува купувањето/добивањето на дрвата за огрев за веродостоен ќе биде со датум од 01 aприл 2024 година и тој ќе се поднесува заедно со потребната документација во затворен плик преку Архивата на општина Кисела Вода до Комисијата за спроведување на постапката. Подетални информации околу субвенциите за набавка на дрво за огрев, заинтересираните можат да добијат на телефонскиот број 02/2785-427.
И за двата повика, селекцијата ќе се врши по принципот на прв дојден-прв услужен. Целата потребна документација за аплицирање и сите дополнителни информации се достапни на веб страната на Општина Кисела Вода на следниот линк:
https://opstinakiselavoda.gov.mk/wp-content/uploads/2024/09/Peleti2024.pdf
https://opstinakiselavoda.gov.mk/wp-content/uploads/2024/09/Drva2024.pdf
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Бутел утре без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре поради изведување на водоводен приклучок ф-225мм на Радишанска Лево бб (Бел Камен), општина Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Неколку скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска се планирани неколку прекини во снабдувањето со електрична енегија на корисниците од градот Скопје и неговата околина:
· од 06:00 – 10:00 часот, корисниците од ул. Пајак и ул. Наум Наумовски Борче. (Општина Центар)
· од 08:00 – 12:00 часот, дел од корисниците од ул.Пејо Јаворов (општина Кисела Вода)
· од 09:00-11:00 часот корисниците од улиците со бр. 406 и бр, 408 во с. Марино. (Општина Илинден)
· од 09:00-15:00 часот корисниците од улица со бр. 101 во нас. Волково. (Општина Ѓорче Петров)
· од 09:00-15:00 часот корисниците од улиците Индира Ганди, Брсјачка Буна, Овчеполска, Пелагонија, Демирхисарска, Сландол, Хаџи Јован Шишков,Злетовска, Тиквешка и ул.Нов Живот. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Засилени контроли во Центар, 50 евра глоба за непрописно паркирање, порача Герасимовски
Комуналните инспектори и редари на општина Центар спроведуваат засилени контроли на возила кои се непрописно паркирани на јавни и зелени површини.
На секое неправилно паркирано возило ќе биде оставено известување за сторен прекршок, со предвидена казна од 50 евра во денарска противвредност, согласно Законот за комунални дејности и Одлуката за комунален ред на општина Центар.
Сторителот на прекршокот е должен веднаш да го подигне прекршочниот платен налог во Општина Центар, Сектор за инспекциски работи, барака 6А. Доколку казната се плати во рок од осум дена, сторителот плаќа половина од износот.
По истекот на рокот следува целосна наплата, односно се поведува прекршочна постапка пред надлежен суд, извести Општината.

„Редот се спроведува доследно и без исклучоци. Жителите на Центар го бараат тоа од нас. Безбедноста на пешаците и заштитата на јавните и зелените површини ни се приоритет“, порача градоначалникот Горан Герасимовски.
Општина Центар ги повикува граѓаните да ги почитуваат правилата и да придонесат за подобра урбана и животна средина.

